Фестивал на љубовта - East Gate Mall
?>

Фестивал на љубовта

image of the store

Дојди на љубовен фестивал и освој вредни подароци!

Љубовен викенд во East Gate Mall со многу вредни подароци.

Придружи ни се на 9,10 и 11 февруари, донеси дејт и заедно уживајте во нашиот љубовен корнер со вино, чоколада, цвеќе и музика.

Освен супер дружба со диџеј Гоце, Чваре и Ерик Фокс сите вљубени парови ќе може да учествуваат во нашето големо дарување.

Правилата на игра се едноставни. Дојди со сметка над 1000 денари, донеси ја твојата подобра половина и заедно одговорете на 5 прашања поврзани со темата на настанот- љубов.

Пријави се кај нашата хостеса со сметка од тековниот ден (во вредност над 1000 денари), одговорете точно на три или повеќе прашања и влезете во игра за трите главните подароци Dyson Airwrap multistyler, Iphone 15 и Playstation 5. Откако ќе ги одговорите прашањата точно, ќе може да одберете еден од балоните во кој се наоѓаат трите главни подароци.

Освен главните три подароци, по случаен избор на еден балон, може да добиете подарок од:

ZIA, Fabu, Duki Daso, Collaret, Cosmo, Solis Silver, Literatura, Cinebox, Bellina, Evergreen, Tri, Boft, Nail Express, Fon Cosmetics.

* Учество може да земат сите парови кои ги исполниле горенаведените услови. Секој пар може да го игра квизот само еднаш. Добиениот подарок не може да се замени за парични средства ниту да се замени со друг. Во секој од балоните се наоѓа подарок и секој од нив е добитен.

Програма на Љубовен фестивал

09.02 (петок)- 20:00 – 22:00 Ерик Фокс (Антена 5)

10.02 (сабота)- 20:00 – 22:00 Чваре (DustyDonats45s)

11.02 (недела)- 18:00 – 20:00 Гоце (DustyDonats45s)