За нас - East Gate Mall

За нас

Ти заслужуваш повеќе, бидејќи ТИ СИ ЦЕНТАР.

Ист Гејт Мол e креиран за да биде новиот урбан ритам на градот. Како најголем центар за шопинг, култура и забава во регионот, Ист Гејт Мол е вашето место каде ќе уживате во врвно шопинг искуство со богат избор на повеќе од 220 брендови, уникатни кафетерии и префинети гурме ресторани.

Распределен на 5 ката, Ист Гејт Мол го обезбедува најдобиот избор на брендови. Шопинг и забава за сите!

Најсовремениот дизајн на меѓународно признатото архитектонско студио "Yazgan Design" создава наратив за исклучителна мултидимензионална естетика. Секој простор има свој посебен карактер, создавајќи возбудливо патување исполнето со нови искуства за посетителот.

Ист Гејт Мол - патот до незаборавното искуство!

Ист Гејт Мол е синергија на урбан јавен простор и забавен центар, станбени блокови, деловен плоштад во комбинација со континуирана пешачка оска.

“Повелете во најголемиот трговски центар во регионот, кој ќе нуди богата содржина на забавни и културни активности, а кој ќе биде вашиот прв избор за шопинг и се што ви треба за вашите и вашите најблиски.

Почнувајќи од уникатниот дизајн на фасадата и сè до импресивните сводови, елегантните излози и стаклениот таван на Централниот булевар, Ист Гејт Мол нуди уникатно естетско искуство каде што ќе се чувствувате удобно и ќе уживате во секој момент без разлика дали доаѓате за шопинг, забава или само добро кафе. Ист Гејт Мол ви нуди уникатно шопинг искуство со преку 220 достапни брендови, како и голем супермаркет на 2000м2, продавници за електроника и широк избор на различни продавници и услуги. Богатиот избор на ресторани, кафе барови и место за брза храна од 800 седишта ќе ви даде можност да истражувате нови гастрономски вкусови со вашите пријатели и семејството во секое време.

Лоциран во Скопје на само 5 минути од центарот на градот, Ист Гејт Мол има одлични врски со сите делови на Скопје и нуди одлични регионални врски со автопатот М4 и меѓународниот аеродром Скопје. Лесно достапен со автомобил, Ист Гејт Мол нуди безбеден подземен паркинг за 2000 автомобили.
Ист Гејт Мол не е само трговски центар, Ист Гејт Мол е дестинација која нуди целодневен искуство за сите, бидејќи ТИ СИ ЦЕНТАР.”

0

Површина за изнајмување

0

Брендови

0

Ката

0

Паркинг места