Политика на колачиња - East Gate Mall

Политика на колачиња

Политика за колачиња при посета на веб страната на ЕАСТ ГАТЕ МАЛЛ

Вашата приватност е важна за нас, па затоа сакаме да бидеме транспарентни во однос на тоа кои информации се собираат кога ја посетувате нашата веб страница.

Кога ќе дојдете на нашиот сајт или ги користите нашите услуги, ЕАСТ ГАТЕ МАЛЛ ДООЕЛ увоз извоз Скопје (ЕАСТ ГАТЕ МАЛЛ), но и трети лица, авторизирани од наша страна собираат колачиња кои содржат податоци за Вас. Овие информации може да се однесуваат на Вас, Вашиот избор или уред и најчесто се користат за да Ви понудат поперсонализирано искуство. Ваш е изборот кои податоци ќе ги собереме. Различните категории подолу го објаснуваат видот на колачиња што ги користиме и како да ги вклучите. Запомнете, недозволувањето на некои колачиња може негативно да влијае на Вашите искуства, бидејќи можеби нема да можеме да Ви понудиме некои од нашите услуги и/или карактеристики. За да дознаете повеќе за тоа како ние ги користиме Вашите лични податоци, прочитајте ја нашата Политика за приватност.

Ние ги користиме колачињата за да ја администрираме нашата интернет страна, да анализираме
трендови, да ги следиме активностите на корисниците и со тоа да овозможиме персонализирани промотивни пораки и реклами.

Кога прв пат ќе пристапите на интернет страната на ЕАСТ ГАТЕ МАЛЛ може да добиете порака која што Ве известува дека користиме “колачиња”. Со кликнување на “се согласувам”, затворање на поп-ап прозорецот или со продолжување со користење на веб сајтот Вие изјавувате дека сте ја разбрале и сте се согласиле со употребата на овие технологии, како што се објаснети во оваа Политика за колачиња.

Што се колачиња?

Колачињата се мали текстуални датотеки, делови од код, кои можат да се употребуваат од страна на веб-страници со цел да се подобри корисничкото искуство. Колачињата се зачувуваат на вашиот компјутер или мобилен уред кога го посетувате веб сајтот. Кога следен пат ќе го посетите пак истиот сајт, колачињата ни дозволуваат да го препознаеме вашиот пребарувач. Колачињата може да ги зачувуваат вашите преференции и други информации но не можат да читаат ваши податоци или информации од вашиот храд диск или пак да читаат други зачувани фајлови за колачиња од други сајтови.

Колачињата кои што се директно поставени од сајтот https://eastgatemall.mk/ се нарекуваат “колачиња од прва страна”. Колачињата поставени од други страни се нарекуваат “колачиња од трети-страни”. Колачињата од трети страни овозможуваат различни функционалности на нашиот сајт како (рекламирање, фукнции на социјални медиуми, аналитики). Овие колачиња не се во сопственост на ЕАСТ ГАТЕ МАЛЛ ДООЕЛ, и ЕАСТ ГАТЕ МАЛЛ ДООЕЛ нема контрола врз нив и како тоа ќе бидат истите искористени.

Зошто се користат колачињата?

Колачињата се користат за подобро разбирање на користењето на веб-сајтот од страна на:
Посетителите како и за оптимизирање на искуството при користење. Колачињата дозволуваат, на страната која што ги поставува, да препознаваат корисничките уреди на користење во споредба со претходни најави и посети со цел да се персонализираат рекламите за поголема релевантност
спрема корисниците. Овие информации може да се соберат на сите веб-пребарувачи и на сите уреди (компјутер, лаптопи, паметни телефони, таблети итн.), но маркетинг колачињата не содржат лични податоци за корисниците.

Колачиња што ние ги користиме:

Неопходни колачиња (necessary cookies). Неопходните колачиња помагаат една веб-страница да биде употреблива со овозможување на основните функции, како навигацијата низ страницата и сл. Без овие колачиња, веб-страницата не може да функционира исправно.Претпочитаните колачиња ѝ овозможуваат на веб- страницата да ги запомни информациите кои го менуваат начинот на кој таа се однесува или изгледа, како на пример Вашиот претпочитан јазик или регионот во кој се наоѓате.

Како да ги контролирам колачињата?

Кога прв пат ќе пристапите на интернет страната https://eastgatemall.mk/ може да добиете порака која што ве известува дека користиме “колачиња”. Вие имате опција да одберете „се согласувам“. Со кликнување на “се согласувам”, затворање на поп-ап прозорецот или со продолжување со користење на веб сајтот Вие изјавување дека сте ја разбрале и сте се согласиле со употребата на овие технологии, како што се објаснети во оваа Политика за колачиња.

Не е задолжително да ги прифатите колачињата и согласувањето со користењето на истите може да биде отповикано во било кое време. Преку подесувањата во веб-пребарувачот може да подесите кои колачиња ќе ги задржите, а кои не сакате да ги задржите. Исто така може да ја исконтактирате компанијата која ги поставила и која ги контролира колачињата. За повеќе информации проверете во подесувањата на вашиот веб-пребарувач.

Рок на чување на колачињата

Рокот на чување на колачињата зависи од типот на колачиња и дали истите се поставени од страна на ЕАСТ ГАТЕ МАЛЛ или пак од трети страни. Функционалните и статистичките колачиња се чуваат во рок од 30 минути до 2 години, а колачињата кои се користат за маркетинг цели се чуваат во рок од 15 минути до 1 година.

Сите колачиња кои што се чуваат од страна на ЕАСТ ГАТЕ МАЛЛ не го идентификуваат крајниот корисник и / или се користат исклучиво за овозможување на услуга која што самиот корисник ја побарал од ЕАСТ ГАТЕ МАЛЛ и за која што корисникот ја посетил страната на ЕАСТ ГАТЕ МАЛЛ.

Генерални информации

Политиката за колачиња е дел од системот за заштита на лични податоци.
Политиките може да се менуваат и обновуваат повремено. Ве молиме посетувајте ги полтиките за информираност при евенутални промени.

ЕАСТ ГАТЕ МАЛЛ го задржува правото да ја променува Политиката за приватност. Промените во Политиката на колачиња ќе бидат јавно објавени на интернет странатa ЕАСТ ГАТЕ МАЛЛ најмалку 10 дена пред да стапат во сила.