Од 12 до 16 октомври дојдете на Денови на eлектромобили во East Gate Mall! - East Gate Mall
Назад

Од 12 до 16 октомври дојдете на Денови на eлектромобили во East Gate Mall!

image of the store

East Gate Mall, заедно со „Автоплус“, овој месец го организира првиот саем на електормобили „Возиме на струја“ , поддржан од Шпаркасе лизинг и под покровителство на НЛБ банка.

Сите љубители на автомобили и посетители на молот ќе може да ги погледнат изложените модели на електрични автомобили и хибриди и да се зaпознаат со нивните предности за да се создаде подобра и поеколошка иднина.

Електромобили од познатите марки автомобили како Tesla, Alfa Romeo, Fiat, Porsche, Citroen, MG, Toyota, Volkswagen ќе бидат изложени на различни места во молот.

Покрај нив ќе бидат изложени и други типови електрични возила и превозни средства:

–  електрична машина за чистење од Green Machines,

–  електричен велосипед и електричен мопед од All electrics,

–  како и  првото електрично „фиќо“ кај нас, кое ќе биде изложено од страна на Фондот за иновации и BB Classic.

На саемот посетителите, покрај автомобилите и тротинетите, ќе можат да ги погледнат и полначите за електрични автомобили на “Olympia Motors”.

Прокредит, НЛБ и Шпаркасе лизинг ќе имаат пултови на кои ќе ги презентираат кредитните линии за овој тип автомобили.

Саемот на електромобили е отворен за сите од 10:00 до 22:00. Паркингот е бесплатен и сопствениците на автомобили ќе можат да добијат попусти и специјални понуди од Мотоцентар, Мега перална, Мега продавница за автоделови и Кар Бокс авто-козметика.

На 15.10. сабота од 12 до 14 часот во молот ќе се одржи и презентација и посебно претставување на возилата, каде што посетителите ќе може подетално да се запознаат со карактеристиките на овие автомобили.

Се гледаме во East gate Mall!