Резервирајте го датумот за КОЛОРРАН 2023 - East Gate Mall
?>

Резервирајте го датумот за КОЛОРРАН 2023

image of the store

17.09.2023 (недела)

Трката КОЛОРРАН која прерасна во традиција за вљубениците во спортот и трчањето, ќе се одржи на 17 Септември 2023.

Оваа трка е посебна затоа што може да учествуваат и професионалци и почетници, индивидуалци, друштва и семејства, како и деца од 2 до 12 години.

Трката ќе стартува пред Ист Гејт Мол, на улица Беласица, и ќе се протега на различни рути на улиците, а сите тркачи ќе имаат маестрален финиш низ стаклениот булевар на Ист Гејт Мол се до амфитеатарот каде ќе се доделуваат медалите.

Оваа година КОЛОРРАН 2023 на ИСТ ГЕЈТ МОЛ се реализира во партнерство со атлетското здружение AK АТОМИК Скопје.

Следете ги социјалните мрежи на Ист Гејт Мол и на АК АТОМИК за најави и повеќе информации.