ДЕН НА ПЛАНЕТАТА ЗЕМЈА 22 АПРИЛ - East Gate Mall
?>

ДЕН НА ПЛАНЕТАТА ЗЕМЈА 22 АПРИЛ

image of the store

Глобалното затоплување зема сѐ поголем замав и секоја година, а интернационалниот Ден на планетата Земја е од сѐ поголемо значење. Овој настан обединува милиони луѓе од целиот свет за поддршка во зачувавање на планетата Земја како и превземање на конкретни акции што треба да ги направиме за да ја заштитиме за идните генерации.

За таа цел, East Gate Mall во периодот од 22 до 28 април ќе ги исклучи светлата на својата надворешна фасада и со тоа ќе ја поддржи кампањата за Денот на планетата Земја.

Целта на исклучувањето е да заштедиме електрична енегрија за да го намалиме јаглеродниот отпечаток. Секој навидум мал чекор е важен во градењето на одржлива иднина за генерациите кои доаѓаат.

Овогодишната тема е Планетата против пластиката, нагласувајќи го фактот што сега се произведуваат 380 милиони тони пластика секоја година, додека само 9% од пластиката што некогаш е произведена е рециклирана.

Затоа не заборавајте да рециклирате пластика, храна, хартија, стакло и електронски уреди за да го минимизирате отпадот и да ги зачувате ресурсите.

Да се заложиме за промени и заедно да го заштитиме нашиот прекрасен дом.

Да го прославиме овој ден на планетата Земја правејќи разлика како кај нас, така и во светот.