Arthurs
Отворено секој ден
Спрат:
01
Вебстрана:
Телефон:
Социјални мрежи:
ARTHUR’S е ексклузивен увозник на патики и обувки од светските брендови CONVERSE, VANS, Dr.Martens, LOMER,COPERMINER и ARENA.
Со историја што датира од 1991, ARTHUR’S почнува со својата работа во Скопје увезувајќи ги познатите светски брендови: Converse, Nike и Reebok.
Продажбата континуирано се зголемува како резултат на огромниот интерес за спортската опрема што се промовира во тој период. Наредната година 1992, ARTHUR’S станува екслузивен дистрибутер за англискиот бранд Dr.Martens.
Големата разновидност на чевли и чизми допринесува за брзата експанзија на брeндот на територијата на Македонија, издигнувајќи го на тој начин ARTHUR’S меѓу најдобрите увозници за таков вид облека и опрема во земјата. Во текот на годините од својот развој, ARTHUR’S отвора три продавници за спортска опрема на територијата на град Скопје и го проширува увозот на опрема од други производители како: Speedo и Arena.
Во 2001та, ARTHUR’S станува ексклузивен дистрибутер на италијанската модна куќа Phard за територијата на Косово, а потоа Miss Sixty и ENERGIE се приклучени кон големото семејство на меѓународни брендови кои се продаваат во продавниците на.
Освен брендовите Converse, Dr.Martens, Lytos и Arena, ARTHUR’S стана ексклузивен дистрибутер во Македонија и за FILA и PUMA.
Подоцна дел од асортиманот на производи стануваат и брендовите COPPERMINER за и италијанскиот LOMER, наменети за љубителите на авантуристичките спортови, како и англискиот BUFFALO LONDON за љубителите на модерните обувки.
Главната цел на ARTHUR’S е да ги открие и задоволи потребите првенствено на потрошувачите, нудејќи оригинални и квалитетни обувки, следејќи ги најновите трендови и донесувајќи ги најатрактивните модели.