Pet Friendly Mall - East Gate Mall
?>

Pet Friendly Mall

image of the store

East Gate Mall е првиот трговски центар во нашата држава кој овозможи влез на миленици.

Отсега, со своите миленици може да го посетите трговскиот центар.

Правила за миленици:

1. За милениците: Дозволен е влез на домашни миленици до 15kg.

2. Поводник: Сите домашни миленици мора постојано да бидат на поводник. Поводниците на

извлекување треба да да бидат на кратка должина како не би дошло до сплеткување со друг

миленик, деца или посетител.

3. Храна и вода: доколку им е потребна вода или храна, ве молиме обратете се во пет шоп

5Центар кој се наоѓа на северната страна на трговскиот центар на ниво -1

4. Ескалатор/травелатор/лифтови: Доколку користите ескалатор, травелатор или лифт,

милениците мора да се носат во раце или во транспортер. Ова правило е за безбедност на

домашните миленици во трговскиот центар.

5. Однесување: Агресивните или прекумерно гласните миленици може да бидат замолени да си

заминат од трговскиот центар.

6. Миленици во областите со храна: За домашни миленици не е дозволен влез во делот за

самопослужување на храна, ресторани или која било продавница каде што се продава храна

согласно законските регулативи.

7. Одговорност: Сопствениците на домашни миленици се одговорни за каква било штета или

повреда предизвикана од нивните миленици. Доколку миленикот направи нужда во

трговскиот центар, Ве молиме веднаш обратете се до персоналот за хигиена.

8. Итни ситуации: Во итен случаj со аларм за пожар и евакуација, следете ги упатствата на

персоналот во трговскиот центар за евакуација заедно со вашиот миленик.

9. Ограничен број на домашни миленици: На посетителите им е дозволено да влезат во

трговскиот центар најмногу со два миленици по лице.

10. Транспортери за домашни миленици: Помалите миленици може да се носат во транспортер

заради нивна безбедност.

11. Миленици без надзор: Милениците не треба да се оставаат без надзор. Доколку се најде

домашно милениче без надзор, обезбедувањето на трговскиот центар ќе биде известено.

12. За посетителите: за интеракција со милениците, најпрво усно прашајте го сопственикот на

миленикот за да добиете дозвола. Ова правило е за безбедност на посетителите и децата во

трговскиот центар

13. Посебен режим за милениците: LC Waikiki е продавница која не е pet-friendly.

Поради заштита на милениците од хемиски средства и супстанци штетни по нивното здравје, милениците е потребно да се носат во рака во продавниците на дрогерија Cosmo, дрогерија DM и Neptun.