Вкусот на Италија - East Gate Mall
Назад

Вкусот на Италија

image of the store

Италијанската кујна е, секако, една од најпознатите и омилени кујни во светот со хармонија на префинети вкусови. За сите љубители на паста, сирење, пршута и добро вино – ја донесовме Италија во East Gate Mall.
Во рамки на интернационалната недела на италијанската кујна, од 10 до 13 ноември, имате ексклузивна можност да ги пробате вкусовите на Италија преку внимателно одбрани гурмански специјалитети приготвени од нашите гости – врвен тим готвачи од Салерно.

За вистинско гурманско доживување, на 10 ноември во 19 часот придружете ни се на ексклузивна гала-вечера во ресторанот „Бела виста“. Вашето место резервирајте го на телефонскиот број 076228833
Официјалното свечено отворање на Деновите на италијанската кујна ќе се одвива пред платото на „Супер Тинекс“ во 17 часот на 11 ноември и ќе можете да се запознаете со врвните готвачи: доцент д-р по кулинарство Кармела Санторо и професорот д-р и главен готвач со сертификат за италијанска кујна Џовани Писапија, при Универзитет за готвачки вештини во Салерно, Италија.
А од 11 до 13 ноември дојдете на дегустација на врвни италијански закуски и вина пред „Супер Тинекс“ од 13 до 21 часот, како и на кулинарско шоу во бистрото во „Супер Тинекс“ во 11 часот. Дојдете на едно прекрасно искуство и уживајте во пријатно друштво и добра храна.

Ci vediamo!