Водич за заштита на личните податоци - East Gate Mall

Водич за заштита на личните податоци

 Водич за заштита на личните податоци во Еаст Гате Малл – Д.О.О.Е.Л увоз-извоз Скопје

 

  1. Цел на Водичот

 

Правото на приватност и заштитата на личните податоци на корисниците претставува приоритет за Еаст Гате Малл Д.О.О.Е.Л увоз-извоз Скопје

Еаст Гате Малл Д.О.О.Е.Л увоз-извоз Скопје посветува големо внимание на заштитата на личните податоци во сите свои деловни процеси, имплементирајќи ги стандардите поставени со прописите за приватност и заштита на личните податоци во Република Северна  Македонија.

Во оваа смисла, важен фактор во функционирањето на Еаст Гате Малл Д.О.О.Е.Л увоз-извоз Скопје е правото на приватност и заштитата на личните податоци на корисниците на производи и услуги, како субјекти на лични податоци. Овој Водич e практична алатка којашто дава појаснување за значењето на термините кои се користат во прописите за заштита на личните податоци. Исто така, Водичот ги разработува начелата за заштита на личните податоци кои задолжително се земаат предвид при секоја обработка на личните податоци на корисниците на апликацијата , им обезбедува на корисниците на апликацијата посеопфатно запознавање со нивните права и ги дефинира клучните обврски на Еаст Гате Малл Д.О.О.Е.Л увоз-извоз Скопје како контролор на збирки на личните податоци, што произлегуваат од Законот за заштита на личните податоци и другите прописи од оваа област.

 

  1. Значење и дефиниции на термините употребени во Водичот

 

2.1.

 

ЛИЧЕН ПОДАТОК е секоја информација која се однесува на идентификувано физичко лице или физичко лице кое може да се идентификува (субјект на лични податоци), а физичко лице кое може да се идентификува е лице чиј идентитет може да се утврди директно или индиректно, посебно врз основа на идентификатор како што се име и презиме, матичен број на граѓанинот, податоци за локација, дентификатор преку интернет, или врз основа на едно или повеќе обележја специфични за неговиот физички, физиолошки, генетски, ментален, економски, културен или социјален идентитет на тоа физичко лице.

Во контекст на наведеното Еаст Гате Малл Д.О.О.Е.Л увоз-извоз Скопје ги обработува следните лични податоци за корисниците на апликацијата: име и презиме, електронска адреса (email) и телефонски број.

 

Под ОБРАБОТКА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ е секоја операција или збир на операции кои се извршуваат врз личните податоци, или група на лични податоци, автоматски или на друг начин, како што се: собирање, евидентирање, организирање, структурирање, чување, приспособување или промена, повлекување, консултирање, увид, употреба, откривање преку пренесување, објавување или на друг начин правење достапни, усогласување или комбинирање, ограничување, бришење или уништување. Еаст Гате Малл Д.О.О.Е.Л увоз-извоз Скопје врши автоматска, но и рачна обработка на личните податоци.

 

СУБЈЕКТ НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ е физичко лице чии лични податоци се обработуваат во Еаст Гате Малл Д.О.О.Е.Л увоз-извоз Скопје. Корисниците на апликацијатана Еаст Гате Малл Д.О.О.Е.Л увоз-извоз Скопје се субјекти на лични податоци.

 

КОНТРОЛОР НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ е физичко или правно лице, орган на државната власт, државен орган или правно лице основано од државата за вршење на јавни овластувања, агенција или друго тело, кое самостојно или заедно со други ги утврдува целите и начинот на обработка на личните податоци, а кога целите и начинот на обработка на личните податоци се утврдени со закон, со истиот закон се определуваат контролорот или посебните критериуми за негово определување. . Еаст Гате Малл Д.О.О.Е.Л увоз-извоз Скопје е контролор на личните податоци на корисниците на апликацијата.

 

ОБРАБОТУВАЧ НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ е физичко или правно лице, орган на државната власт, државен орган или правно лице основано од државата за вршење на јавни овластувања, агенција или друго тело кое ги обработува личните податоци во име на контролорот.

Еаст Гате Малл Д.О.О.Е.Л увоз-извоз Скопје ја доверува обработката на личните податоци на корисниците на апликацијата на обработувач – маркетинг сектор на Еаст Гате Малл Д.О.О.Е.Л увоз-извоз Скопје (marketing@eastgatemall.mk)

 

ОФИЦЕР ЗА ЗАШТИТА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ е лице кое е овластено од контролорот да ја следи имплементацијата на прописите за заштита на личните податоци и да обезбедува усогласеност на работењето со начелата за заштита на личните податоци.

 

ПОСЕБНИ КАТЕГОРИИ НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ (чувствителни податоци) се лични податоци кои откриваат расно или етничко потекло, политички ставови, верски или филозофски убедувања или членство во синдикални организации, како и генетски податоци, биометриски податоци, податоци што се однесуваат на здравјето или податоци за сексуалниот живот или сексуалната ориентација на физичкото лице.. Еаст Гате Малл Д.О.О.Е.Л увоз-извоз Скопје не обработува посебни категории на лични податоци за корисниците.

 

2.2. Термини што се користат во областа на електронските комуникации

 

ТАЈНОСТ И ДОВЕРЛИВОСТ НА ЕЛЕКТРОНСКИТЕ КОМУНИКАЦИИ – Со Уставот на СРМ се гарантира слободата и неповредливоста на сите облици на комуникација. Доверливоста на комуникациите се однесува на: содржината на електронските комуникации, податоците за комуникциски сообраќај и податоците за локација кои не се податоци за комуникациски сообраќај и фактите и околностите за прекинот на конекцијата или за неуспешните обиди за воспоставување на конекција. Само врз основа на одлука на суд, под услови и во постапка определена со закон, може да се отстапи од тајноста на електронските комуникации.

ПОДАТОЦИ ЗА ЛОКАЦИЈА се податоци кои ја означуваат географската положба на терминалната опрема на корисникот на електронската комуникациска услуга. Податоците за локација кои се однесуваат на корисникот можат да бидат обработувани само во анонимна форма или,врз основа на претходна согласност на корисникот

ИЗВЕСТУВАЊА се Ако сакате да се откажете од примање на овие типови на комуникации (нотификации), може да ги исклучите во поставките (settings)  на вашиот уред.

ВЕБ СТРАНИ НА ТРЕТИ ЛИЦА, апликацијата може да содржи линкови до веб-локации на трети лица и апликации од интерес, вклучувајќи реклами и надворешни услуги, кои не се поврзани со нас. Откако ќе ги искористите овие врски за да ја напуштите апликацијата, сите информации што ги давате на овие трети страни не се опфатени со оваа Политика за приватност и не можеме да гарантираме за безбедноста и приватноста на вашите информации. Пред да посетите и да дадете какви било информации на веб локации на трети страни, треба да се информирате за политиките и практиките за приватност (доколку ги има) на третата страна одговорна за таа веб-локација и треба да ги преземете неопходните чекори за, по ваша дискреција, да ги заштитите приватноста на вашите информации. Ние не сме одговорни за содржината или приватноста и безбедносните практики и политики на трети страни, вклучително и други сајтови, услуги или апликации кои може да се поврзани со или од Апликацијата.

 

Корисникот кој се согласил со обработката на податоците за локација, има можност на едноставен начин и бесплатно, да го откаже понатамошното обработување на овие податоци.

 

 

  1. Начела за заштита на личните податоци

 

Културата за почитување на приватноста и грижата кон корисниците на апликацијата се придобивки по кои Еаст Гате Малл Д.О.О.Е.Л увоз-извоз Скопје е препознатлив на пазарот на електронските комуникации. Затоа, при обработката на личните податоци, Еаст Гате Малл Д.О.О.Е.Л увоз-извоз Скопје се раководи од следните начела за заштита на личните податоци:

 

  • Да се обработуваат согласно со закон, во доволна мера и на транспарентен начин во однос на субјектот на личните податоци („законитост, правичност и транспарентност“)

 

Ова начело претставува основен постулат преку кој пред се обезбедува контрола во однос на обработката на личните податоци, спречување на евентуални пречекорувања и злоупотреби од страна на контролорите и обезбедувањето заштита на субјектите на личните податоци. Начелото на законитост подразбира засновање на обработката на личните податоци единствено врз основа на некоја од законските претпоставки врз основа на кои контролорот може да ја врши обработката на личните податоци, а кои се однесуваат на постоење на согласност за обработката на личните податоци дадена од страна на субјектот на личните податоци за обработка на личните податоци за една или повеќе цели,  обработка поради исполнување на договор каде субјектот на личните податоци е договорна страна, обработка заради исполнување на законска обврска на контролорот, обработка заради заштита на суштинските интересни на субјектот на личните податоци или друго физичко лице, обработката е потребна за извршување на работи од јавен интерес или при вршење на јавно овластување на контролорот утврдено со закон или доколку обработката е потребна за целите на легитимните интереси на контролорот или на трето лице, освен кога таквите интереси не преовладуваат над интересите или основните права и слободи на субјектот на лични податоци коишто бараат заштита на личните податоци, особено кога субјектот на личните податоци е дете.

Воедно ова начело ја вклучува и обврската на контролорот да ја обезбеди и почитува транспарентноста во однос на обработката на личните податоци,  а во насока на информирање на субјектите на личните податоци  за обработката на нивните лични податоци и правата кои за нив произлегуваат согласно законот за заштита на личните податоци.

 

Обработката на личните податоци за корисниците на апликацијата, Еаст Гате Малл Д.О.О.Е.Л увоз-извоз Скопје го врши исклучиво врз основа на добиена согласност од самиот корисник. Личните податоци за корисниците на апликацијата може да се користат единствено и исклучиво за обезбедување користење на апликацијата и нејзините функции.

 

  • Да се собираат за конкретни, јасни и со закон утврдени цели и да се обработуваат на начин што е во согласност со тие цели.

 

Еаст Гате Малл Д.О.О.Е.Л увоз-извоз Скопје се раководи од целите и законскиот основ за обработка на податоците. Користењето на  мобилната апликација не се условува со согласност на корисникот за користење на неговите податоци за други цели, освен за исполнување на правата и обврските што произлегуваат од интересите кои ги селектирал. Еаст Гате Малл Д.О.О.Е.Л увоз-извоз ги регистрира интересите и подготвува нотификации/известувања за корисниците на мобилната апликација.

 

  • Да се релевантни, соодветни и ограничени на она што е неопходно во однос на целите заради кои се обработуваат (минимален обем на податоци)

 

„Начелото на минимален обем на податоци“ го ограничува обемот на податоци што може да се обработуваат, само на оние што се неопходни за исполнување на целите заради кои се обработуваат. На пример, податокот за брачниот статус на корисникот би бил нерелевантен, несоодветен и преобемен во однос на целта што треба да се постигне со воспоставување на претплатнички однос. Исто така, без оглед на видот на воспоставениот деловен однос, обработката на податокот за националната припадност за корисникот, би била нерелевантна, несоодветна и преобемна.

 

  • Да се точнии каде што е потребно ажурирани, при што ќе се преземат сите соодветни мерки за бришење или коригирање на податоците што се неточни или нецелосни, имајќи ги предвид целите заради кои биле обработени (точност на податоци)

 

Ова начело се однесува на точноста на податоците, според кое Еаст Гате Малл Д.О.О.Е.Л увоз-извоз Скопје како контролор на личните податоци се грижи истите да бидат точни и по потреба ажурирани, имајќи во предвид дека само точните и ажурираните податоци можат да ја исполнат целта заради која истите се обработуваат. Ажурирањето на податоците значи заменување на податоци, кои некогаш биле точни, со нови податоци или нивно дополнување. Истовремено, корисникот има право да бара да се преземат активности за бришење или корегирање на неговите податоци.

 

  • Да се чуваат во форма што овозможува идентификација на субјектот на личните податоци, не подолго од времето што е потребно за исполнување на целта поради која податоците се собрани

 

Ова начело го ограничува периодот во кој личните податоци може да бидат законски обработувани, при што по престанување на целта заради која истите се обработуваат, треба да се избришат или уништат, односно да се анонимизираат. При престанок на претплатничкиот однос, овие податоци мора да се чуваат во период од една година од денот на издавање на последната сметка на претплатникот за обезбедените услуги, а доколку во тој период е издаден налог од страна на надлежен орган за чување и доставување на таквите податоци, во период кој е наведен во налогот на надлежниот орган.

 

Се смета дека е постапено согласно начелото за бришење на податоците и во случај доколку се изврши бришење на идентификациските карактеристики на корисниците (анонимизација) или замена на идентификациските карактеристики со други карактеристики (псеводонимизација). Анонимизација и псеводонимизација се вршат на таков начин што идентитетот на корисникот не може да се открие или може да се открие само со неразумно големи напори.

 

  1. Права на корисниците

Корисниците-субјекти на лични податоци имаат право:

  • да бидат информирани за обработката на нивните лични податоци
  • да пристапат до нивните лични податоци и
  • да направат исправка, да ги избришат, да бараат ограничување на обработката на личните податоци, да поднесат приговор против обработката на личните податоци и да побараат пренос на нивните лични податоци на друг контролор

 

Во продолжение, следува подетално појаснување во однос на овие права:

  • Во функција на транспарентност, Еаст Гате Малл Д.О.О.Е.Л увоз-извоз Скопје има обврскада преземе соодветни мерки заобезбедување на сите информации и пристап до личните податоци на субјектите на лични податоци, во насока на информирање за идентитетот и контакт податоците на контролорот и податоци за неговиот овластен претставник во Република Северна Македонија; контакт податоци за офицерот за заштита на личните податоци; целите на обработката за коишто личните податоци се наменети, како и правната основа за обработката; легитимните интереси што ги спроведува контролорот или трето лице, кога обработката се врши врз основа таквите интереси; корисниците или категориите на корисници на личните податоци, доколку ги има; каде што е применливо, фактот дека контролорот има намера да пренесе лични податоци во трета земја или меѓународна организација.

Секоја комуникација во насока на обезбедување транспарентност и пристап до личните податоци поврзани со обработката која се однесува на субјектот на личните податоци треба да се врши на концизен, транспарентен, разбирлив начин и во лесно достапна форма, со користење на јасен едноставен јазик, особено за информации кои посебно се наменети за дете. Информациите треба да бидат дадени во писмена форма или со други средства, вклучувајќи каде што е применливо по електронски пат. По барање на субјектот на личните податоци, информациите може да се дадат усно, под услов идентитетот на субјектот на личните податоци да е докажан со други средства.

Контролорот за барањето на субјектот на личните податоци е
должен до субјектот на личните податоци да достави информација за преземените активности врз основа
на правото на пристап на субјектот на личните податоци, правото на исправка и бришење, правото на ограничување на обработката, правото за известување при исправка или бришење на личните податоци или ограничување на обработката, правото на преносливост на податоците, правото на приговор и автоматско донесување на поединечни одлуки, без непотребно одложување и во секој случај во период од
еден месец од денот на приемот на барањето. Доколку е потребно овој
рок може да биде продолжен за уште два месеци земајќи ги предвид
сложеноста и бројот на барањата. Контролорот го информира
субјектот на личните податоци за секое продолжување во рок од еден
месец од денот на приемот на барањето, заедно со причината за
одложувањето.  .

  • Секој корисник има право да пристапи до своите лични податоци.Правото на пристап подразбира дека субјектот на лични податоци има право да добие потврда одконтролорот дали се обработуваат негови лични податоци или личниподатоци за него и доколку се обработуваат, да добие пристап до
  • личните податоци и до следните информации:1) целите на обработката;2) категориите на лични податоци кои се обработуваат;3) корисниците или категориите на корисници на кои се откриени илиќе бидат откриени личните податоци, особено корисниците во третиземји или меѓународни организации;
  • 4) предвидениот рок за кој ќе се чуваат личните податоци, а ако тоане е возможно, критериумите што се користат за одредување на тојпериод;5) постоењето на право да се бара од страна на контролорот исправкаили бришење на личните податоци или ограничување на обработкатана личните податоци поврзани со субјектот на личните податоци, илиправо на приговор против таквата обработка, 6) правото на поднесување на барање до Агенцијата за заштита на личните податоци доколку смета дека обработката на личните податоци е спротивна на закон; 7) кога личните податоци не се собираат од субјектот на личните податоци, сите достапни информации за нивниот извор; и
  • 8) постоењето на автоматизиран процес на одлучување, вклучувајќи
  • го и профилирањето. .
  • Корисникот има право да бара исправка, бришење, ограничување на обработката, пренос на податоците на друг контролор и право на приговор во врска со обработката на неговите лични податоци. По барање на корисникот, Еаст Гате Малл Д.О.О.Е.Л увоз-извоз Скопје е должен да направи исправка на личните податоци во рок од 15 дена од денот на поднесување на барањето. По барање на субјектот на личните податоци, Еаст Гате Малл Д.О.О.Е.Л увоз-извоз Скопје е должен да ги избрише неговите лични податоци во рок од 30 дена од денот на поднесување на барањето доколку е исполнет некој од следните услови 1) личните податоци повеќе не се потребни за целите за кои биле собрани или обработени на друг начин; 2) субјектот на личните податоци ја повлекува својата согласност врз која се заснова обработката на податоците и ако не постои друга законска основа за обработка; 3) субјектот на личните податоци поднесе приговор на обработката согласно со членот 25 став (1) од ЗЗЛП, при што не постојат преовладувачки легитимни цели за обработката, или субјектот на личните податоци поднесе приговор на обработката согласно со членот 25 став (2) од овој закон; 4) личните податоци биле незаконски обработени; 5) личните податоци треба да бидат избришани со цел почитување на

Субјектот на личните податоци има право да побара ограничување
на обработката од контролорот, ако е исполнет еден од следните
услови: а) точноста на личните податоци се оспорува од субјектот на личните
податоци, за период кој му овозможува на контролорот да ја провери
точноста на личните податоци; б) обработката е незаконска и субјектот на личните податоци се спротивставува на бришењето на личните податоци, при што наместо тоа бара ограничување на нивната употреба; в) за целите на обработка, контролорот нема повеќе потреба од личните податоци, но субјектот на личните податоци ги бара за воспоставување, остварување или одбрана на неговите правни барања; г) субјектот на личните податоци се спротивставува на обработката согласно со членот 25 став (1) од ЗЗЛП во очекување на верификација дали легитимните интереси на контролорот
преовладуваат над интересите на субјектот на личните податоци.

Субјектот на личните податоци има право да ги добие неговите лични податоци, а кои тој ги има дадено на контролорот во структуриран, вообичаено користен, машински читлив формат при што има право да ги пренесе тие податоци на друг контролор (право на преносливост) без попречување од страна на контролорот на кого личните податоци се дадени, ако: а) обработката е заснована врз основа на согласност или врз основа на договорна обврска и б) обработката се врши на автоматизиран начин.

Субјектот на личните податоци врз основа на конкретна ситуација поврзана со него има право да поднесе приговор до контролорот (право на приговор) во секое време, против обработката на неговите лични податоци, која се врши од страна на контролорот при извршување на работи од јавен интерес или при вршење на јавно овластување на контролорот утврдено со закон или кога обработката е потребна за целите на легитимните интереси на контролорот или на трето лице, вклучувајќи и профилирање. Во ваков случај, Контролорот не може повеќе да врши обработка на личните податоци, освен ако докаже дека постојат релевантни легитимни интереси за обработка, кои преовладуваат над интересите, правата и слободите на субјектот на личните податоци, или за воспоставување, остварување или одбрана на неговите правни барања. Доколку личните податоци се обработуваат за цели на директен

маркетинг, субјектот на личните податоци има право во секое време да

поднесе приговор на обработката на неговите лични податоци

поврзани со овој вид на маркетинг, кој вклучува и профилирање до

оној степен до кој истото е поврзано со директниот маркетинг. Кога субјектот на личните податоци приговара на обработката на неговите лични податоци за цели на директен маркетинг, контролорот ја запира натамошната обработка на личните податоци за тие цели

 

  1. Обврски на Еаст Гате Малл Д.О.О.Е.Л увоз-извоз Скопје

 

5.1. Обврска на вработените/ангажираните лица за заштита на личните податоци и одржување на тајноста на електронските комуникации

 

Вработените/ангажираните лица во Еаст Гате Малл Д.О.О.Е.Л увоз-извоз Скопје при преземањето на нивните работни задачи и обврски:

  • Се запознаваат со прописите за заштита на личните податоци, како и со донесената документација за технички и организациски мерки за обезбедување на тајност и заштита при обработката на личните податоци.
  • Своерачно потпишуваат Изјава за тајност и заштита при обработката на личните и податоците , како и за доверливост на деловните информации; Со оваа Изјава се обврзуваат дека ќе ги почитуваат начелата за заштита на личните податоци, ќе вршат нивна обработка согласно упатствата добиени од Еаст Гате Малл Д.О.О.Е.Л увоз-извоз Скопје, освен ако со закон поинаку не е уредено и ќе ги чуваат како доверливи личните податоци, како и мерките за нивна заштита. Ваквата изјава важи и по престанокот на нивниот работен однос/ангажман во Еаст Гате Малл Д.О.О.Е.Л увоз-извоз Скопје
  • Посетуваат задолжителна обука за заштита на личните податоци.

 

Еаст Гате Малл Д.О.О.Е.Л увоз-извоз Скопје врши континуирано информирање на вработените/ангажираните лица за непосредните обврски и одговорности за заштита на личните податоци.

 

5.2. Информирање на корисникот за неговите права

 

Еаст Гате Малл Д.О.О.Е.Л увоз-извоз Скопје има обврска да го информира корисникот за:

  • идентитетот и контакт податоци на контролороти податоци за неговиот овластен претставник во Република Северна Македонија;
  • контакт податоци за офицерот за заштита на личните податоци;
  • целите на обработката за коишто личните податоци се наменети, како и правната основа за обработката;
  • легитимните интереси што ги спроведува контролорот или трето лице, кога обработката се врши врз основа таквите интереси; корисниците или категориите на корисници на личните податоци, доколку ги има;
  • каде што е применливо, фактот дека контролорот има намера да пренесе лични податоци во трета земја или меѓународна организација.
  • ;
  • правото на пристап, исправка, бришење, ограничување на обработката, пренос на податоците на друг контролор и право на приговор во однос на обработката на личните податоци

 

5.3. Согласност на корисникот за секоја дополнителна обработка на личните податоци

 

За секоја дополнителна обработка на податоци, надвор од целите на исполнување на воспоставениот претплатнички однос, Еаст Гате Малл Д.О.О.Е.Л увоз-извоз Скопје обезбедува посебна согласност. Согласноста е слободно и изречно дадена изјава на волја на корисникот со која се согласува да се врши обработка на неговите лични податоци за определена цел.

Само врз основа на претходно дадена согласност, може да се врши обработка на личните податоци на корисникот, податоците за сообраќај и податоците за локација за цели на директен маркетинг и профилирање (opt-in принцип).

 

5.3.1. Што е директен маркетинг

 

е секој вид на комуникација остварена на било кој начин според најновите технолошки достигнувања, а со цел испраќање на рекламна, маркетиншка или пропагандна содржина која е насочена директно до одреден субјект на личните податоци, како и

обработка на лични податоци која вклучува и профилирање до оној степен до кој истото е поврзано со овој вид на комуникација.

 

5.3.2. Што е профилирање

 

Секоја форма на автоматска обработка на лични податоци, која се состои од користење на лични податоци за оценување на одредени лични аспекти поврзани со физичкото лице, а особено за анализа или предвидување на аспекти кои се однесуваат на извршување на професионалните обврски на тоа физичко лице, неговата економска состојба, здравје, лични преференции, интереси, доверливост, однесување, локација или движење.

ЕАСТ ГАТЕ МАЛЛ врши профилирање во врска со обработка на личните податоци на корисникот и податоците за реализиран сообраќај, со цел да биде контактиран за понуди на производи и услуги, соодветни на неговите навики и потреби.

 

Корисникот има право во секое време, бесплатно и со користење на едноставни средства да ја повлече дадената согласност. Согласно Законот за електронските комуникации, електронските е-меил адреси на корисниците на производи или услуги, можат да се користат за директен маркетинг на слични производи или услуги на Еаст Гате Малл Д.О.О.Е.Л увоз-извоз Скопје, со обврска да им се овозможи на корисниците во секое време, бесплатно и со користење на едноставни средства, да го спречат користењето на тие адреси (opt-out принцип).

 

5.4. Надворешни лица

 

Правните и физички лица кои стапуваат во деловен однос со Еаст Гате Малл Д.О.О.Е.Л увоз-извоз Скопје, врз основа на кој имаат пристап до документација и лични податоци на корисниците на Еаст Гате Малл Д.О.О.Е.Л увоз-извоз Скопје, се обврзуваат на доверливост и заштита на личните податоци со посебни договори за доверливост и за обработка на податоци.

 

  1. На кого треба да се обрати корисникот со цел да ги оствари своите права?

 

Корисникот може да се обрати на Офицерот за заштита на личните податоци во Еаст Гате Малл Д.О.О.Е.Л увоз-извоз Скопје Офицерот за заштита на лични податоци постапува согласно внатрешните прописи со цел правата на корисникот да бидат остварени на едноставен, брз и ефикасен начин без да се предизвика непотребно одложување или трошоци. Корисникот добива одговор на барањето во рамките на законски определните рокови .

 

6.1. Која е следната инстанца на која може да се обрати корисникот?

 

Доколку корисникот не е задоволен од одговорот и информациите дадени од Офицерот за заштита на личните податоци на Еаст Гате Малл Д.О.О.Е.Л увоз-извоз Скопје и доколку смета дека неговите права се повредени, може да поднесе барање за утврдување на повреда на правото на заштита на личните податоци до Агенцијата за заштита на личните податоци. Заради специфичноста на оваа постапка, Агенцијата може да одлучи да не ги открие личните податоци на корисникот како подносител на барањето на Еаст Гате Малл Д.О.О.Е.Л увоз-извоз Скопје како спротивна страна.

За повреда на правото на заштита на личните податоци, инспекторот за заштита на личните податоци од Дирекцијата, води постапка и одлучува со решение, кое е конечно, со оглед на тоа дека против истото не може да се изјави жалба.

Во рок од 30 дена од денот на приемот на решението, може да се поднесе тужба за поведување на управен спор до Управниот суд.