ТИНЕКС отвора модерен хипермаркет во East Gate Mall - East Gate Mall
?>

ТИНЕКС отвора модерен хипермаркет во East Gate Mall

image of the store

СЕ ОТВОРА ПРВ ТИНЕКС ВО РАМКИ НА ТРГОВСКИ ЦЕНТАР од октомври оваа година, кој ќе претставува иновативна комбинација од Супер Тинекс и Деликатесен Тинекс. ТИНЕКС хипермаркетот претставува сосема ново маркет искуство, ќе биде естетски унапреден, модерен и дигитализиран маркет за самоуслужување каде ќе има севкупна понуда за дневна потрошувачка, 30.000 внимателно избрани производи од македонски и светски производители во различни категории. Покрај вообичаениот асортиман ќе има автентично изведени оддели за органска храна, пиљара, месарница, рибарница и пекара.

ТИНЕКС ХИПЕРМАРКЕТ е единствениот маркет во трговскиот центар и ќе се простира на 2.000м2 со што се вбројува во тн. анкори, клучни закупци во трговскиот центар, и ја комплетира понудата на продукти и услуги за посетителите кои освен за шопинг и забава, доаѓаат за неделно пазарување.

КОСМО ќе се простира на 300м2 на главниот булевар, со елегантно изведена продавница во француски еклектичен стил, каде ќе се понуди козметика, парфеми и накит од врвните светски модни куќи.

Цветанка Христовска, бренд директор на компанијата Тинекс, ги предаде нацртите за Тинекс хипермаркет и Космо на Александар Тасевски, координатор на големи закупци и лидер на групата тенант координатори во Ист Гејт Мол изјави: ,,За ТИНЕКС беше предизвик да се биде дел од најголемиот регионален трговски центар. ТИНЕКС има иста визија и дели исти вредности со ИСТ ГЕЈТ МОЛ. Успеавме да направиме нов креативен концепт со нова понуда и уште поквалитетна услуга, а инспирацијата ни се секогаш клиентите. Со отворање на овие 2 продавници, Тинекс овозможува 60 нови работни места”.