Literatura Caffe - East Gate Mall
Назад

Literatura Caffe

Отворено секој ден

Спрат:

01

На површина над 200 квадратни метри, во рамките на најголемиот центар за шопинг, култура и забава во регионот – „Ист гејт мол“ (East Gate Mall), се наоѓа најголемиот локал на најурбаното книжевно кафуле Café Literatura. Ова е трета локација на Café Literatura, кој е дел од синџирот книжарници „Литература.мк“. Досега добро се познати кафе-баровите во Literatura.mk Superstore (во „Скопје сити мол“) и во „Литература.мк“ во ТЦ „Буњаковец“. Café Literatura е архитектонски модерно дизајниран простор, осмислен за релаксација и споделување на убави моменти, каде што може да се испие добро кафе и да се прочита убава книга од богатата понуда на „Литература.мк“. Кафе-барот е конципиран и како простор за промоции и за одржување на разни културни настани, книжевни средби, концерти, бизнис-презентации и снимања. Во локалот ќе биде застапено едно од најдобрите кафиња кај нас, „Кафе Италија“ (Café Italia). На менито се различни видови кафиња како eспресата: „микеланџело“, „марко поло“, „бурунди“, „бразил“ и „етиопија“, макијато и капучино „марко поло“, капучино со бејлис, виенско капучино, ајриш кафе, афогато карамел, еспресо портокал, aфогато бејлис и нескафе и коктели од кафе, како и ексклузивните типа на специјално кафе „бурунди“, „бразил“ „етиопија“, „костарика“, „суматра“, „танзанија“ и „колумбија“ брендирани како Café Literatura. Ќе бидат понудени и различни видови коктели (москов мјул, мохито, карипско дајкири, џин физ и многу други) и смути (вери бери, пинат батер, чоко смути и супер фуд смути), како и топли напитоци, топло чоколадо, салеп, безалкохолни пијалаци, избрани брендови алкохол и селекција на квалитетни вина.