Playmobil доаѓа во East Gate Mall - East Gate Mall
?>

Playmobil доаѓа во East Gate Mall

image of the store

Во соработка со Крш, за прв пат во нашата држава East Gate Mal ќе биде домаќин на поставката Playmobil Novelmore.

Од 8 септември до 10 октомври најмалите ќе имаат шанса да се дружат со хероите од Playmobil во царството на Novelmore.

Поставката на Playmobil Novelmore ќе биде лоцирана на првиот кат. Не е потребно закажување, ќе функционира по принцип прв дојден – прв услужен.

Playmobil Novelmore ќе работи од понеделник до недела од 12:00 до 20:00 часот.

Во поставката е дозволено да бидат истовремено до 30 деца и распределини во зоните за играње според нивната годишна возраст.

Играчките на Playmobil се достапни во продавницата на Крш во East Gate Mall.

СТРОГО Е ЗАБРАНОТО РОДИТЕЛИ, СТАРАТЕЛИ И ВОЗРАЗНИ ЛИЦА ДА ВЛЕГУВААТ ВО ПОСТАВКАТА!

ПРАВИЛА НА ПОСТАВКАТА

ЗА БЕЗБЕДНОСТ НА НАШИТЕ ДЕЦА ВО ПОСТАВКАТА PLAYMOBIL СТРОГО Е ЗАБРАНЕТО:

  • Пушење вклучително и електронски цигари;
  • Храна и пијалоци во сите делов икаде што играaт деца;
  • Децата остануваат во поставката без присуство на нивните родители;
  • Децата да се качуваат на декоративните елементи, вклучувајќи ги масите и столчињата;
  • Децата да трчаат внатре во поставката, поради ризик од пад и повреди;
  • Поместување на масите, столчињата и играчките;
  • Играчките се тематски поделени, од оваа причина, не е дозволено нивно преместување од една во друга зона;
  • Од безбедносни причини, деца помали од 4 години е дозволено да си играат во зона 1,2 и 3;
  • Родителите и придружниците се единствено одговорни за своите деца за време на нивниот престој на поставката PLAYMOBIL.
  • Секоја штета предизвиката од страна на посетител или од страна на децата, ја сноси родителот или старателот.