Валидација на паркинг билети - East Gate Mall
?>

Валидација на паркинг билети

image of the store

Од понеделник, 18 август 2023 година во трговскиот центар Ист Гејт Мол ќе се воведе валидирање на билети за користење на паркингот. Бесплатниот паркинг беше токму една од предностите на Ист Гејт Мол, која им овозможуваше на граѓаните без дополнителни трошоци да го посетат овој трговски центар, за разлика од останатите, каде паркингот се наплаќа.

Паркингот останува бесплатен за користење за сите посетители во периодот кога е потребна валидација на билетот на паркоматите поставени во трговскиот центар. Посетителите потребно е да го чуваат билетот за паркинг за време на нивниот претстој, но пред излегувањето од трговскиот да го валидираат на апаратите.

Во трговскиот се поставени неколку апарати за валидирање и тоа на следните локации:
ниво -2, излез кон паркинг на паркоматите поставени пред продавницата Крусел и Кар бокс,
на ниво -1 излез кон паркинг на паркоматите поставени кај продавниците Нептун и 5Центар.