ОДРЖАН ПРВИОТ КОЛОР РАН 2022 ВО ИСТ ГЕЈТ МОЛ - East Gate Mall
?>

ОДРЖАН ПРВИОТ КОЛОР РАН 2022 ВО ИСТ ГЕЈТ МОЛ

image of the store

Види галерија на слики – под текстот

Во прекрасна атмосфера, со мноштво бои, насмевки, прегратки и честитки за први подвизи и нови рекорди, се одржа КОЛОР РАН 2022 во ИСТ ГЕЈТ МОЛ и во партнерство со атлетското здружение KORRUNERS Скопје.

На првиот КОЛОР РАН учествуваа над 3000 учесници, навивачи и публика. На ТРКАТА УНИКА – долж реката Вардар на 10км учествуваа професионални натпреварувачи, на ТРКАТА КОМЕРЦИЈАЛНА БАНКА – од 2,5км учествуваа екипи за тим билдинг, а децата истрчаа 500 метри.

Оваа трка е посебна затоа што може да учествуваат и професионалци и почетници, индивидуалци, друштва и семејства, како и децата од 2 до 12 години. Трката стартуваше на улица Беласица пред Ист Гејт Мол, се протегаше на различни рути во блиската природа и покрај река и покрај парковите, а тркачите имаа маестрален финиш низ стаклениот булевар на Ист Гејт Мол се до амфитеатарот каде се доделуваа медалите.

Сите учесници се забавуваа со исфрлување на природни бои во воздухот кои се користат како симболика на успехот и животната енергија на сите КОЛОР РАН трки во светот.

Првото место на главната трка во 10км апсолутна категорија го освоија Дарио Илиевски во машка категорија и Билјана Кираџиева во женска катергорија.

KORRUNERS како партнери и главни организатори на КОЛОР РАН во Ист Гејт Мол во доделија 3 парични награди на најбрзите натпреварувачи во 10км апсолутна категорија, и тоа 12.000ден прво место мажи и жени, 6000 денари второ место мажи и жени, 3000 денари за трето место мажи и жени.

Осигурителното друштво УНИКА како главни поддржувачи на трката на 10км на КОЛОР РАН 2022 доделија вредносни награди и подароци на најбрзите натпреварувачи во женска и машка категорија, а обезбедија повластени услуги за осигурување на сите учесници.

КОМЕРЦИЈАЛНА БАНКА како поддржувач на трката на 2.5км за тим билдинг, додели картички за подарок и подароци.

Сите сме согласни дека КОЛОР РАН е здрава иницијатива која поттикнува спортување, дружење и насмевки, која носи радост и претставува прекрасно искуство – и ќе прерасне во годишна традиција на Ист Гејт Мол.

Времето на трчање и ранг листите, можете да ги најдете овде: Tag Timing

Сликите од Pic2Go: www.pic2go.mk/korrunners2022/

Кликнете на сликата за да ја видите цела галерија.