Tinex - East Gate Mall
Назад

Tinex

Отворено секој ден

Спрат:

-02

Вебстрана:

http://tinex.com.mk/

Социјални мрежи:

Тинекс e малопродажен ланец на маркети – лидер на домашниот пазар, позиција која ја задржува пред конкуренцијата сите овие години наназад. Со своите четириесет и пет продажни објекти и над 1500 вработени, присутен е во 11 (единаесет) градови во Македонија на атрактивни локации, а отсега и во најголемит трговски центар во регионот – “Ист Гејт Mол” во Скопје. Хипермаркетот кој се простира на површина од 2.000м2, претставува идеална и иновативна комбинација од „Супер Тинекс“ и „Деликатесен Тинекс“. Овој концепт вклучува широк асортиман преку 30.000 внимателно избрани производи од различни категории, како и ексклузивни увозни производи од престижни светски производители достапни единствено во продажната мрежа на „Тинекс“. Покрај редовните оддели, во супермаркетот има и месарница каде секојдневно се доставува свежо месо од погоните за расек на Тинекс, оддел за зреено месо, рибарница, пекара, винарија, оддел за здрава и органска храна, модерна и одлично снабдена пиљара со секогаш свежо овошје и зеленчук. Во маркетот како новитет на Тинекс се поставени и каси за “self check out” каде што потрошувачите можат сами да ја извршат наплатата на избраните производи.