Mega Auto Parts - East Gate Mall

Почетна > Брендови > Mega Auto Parts

Mega Auto Parts

Отворено секој ден

Спрат:

-02

Вебстрана:

https://www.megaauto.com.mk

Телефон:

071/275-697

Социјални мрежи:

Мега Ауто Партс е увозник и дистрибутер на авто делови од реномирани германски (и западноевропски) производители на резервни авто делови, кои воглавно се и прво вградени во многу возила. Мега Ауто Партс е компанија со македонски капитал, формирана во мај 1998 година со седиште во Скопје. Основна дејност на Мега Ауто Партс е големопродажба и дистрибуција на авто делови во Р. Македонија, водена од бизнис идејата за застапување на оригинални резервни делови од германско потекло. Мега Ауто Партс располага со адмнистративно-магацински простор од 2000м2 за големопродажба, кој се наоѓа на ул. Kачанички Пат, бр. 146 и со малопродажни салони лоцирани во Чаир, Тафталиџе, Ченто, Кисела Вода ( Првомајска), Тетово, Куманово, Охрид, Кичево, Струга во секое време подготвени да овозможат врвна и квалитетна услуга. Мега Ауто Партс е компанија која во своето досегашно искуство успеа да се стекне со репутација на врвно организирана компанија и препознатливост во понудата на висококвалитетни авто делови, врвна услуга и професионалност во работата. Мега Ауто Партс располага со повеќе од 40.000 позиции на лагер од 78 реномирани германски производители на резервни авто делови. Вработените во Мега Ауто Партс секојдневно работат на усовршување на своите работни вештини и активно ги следат трендовите во авто индустријата преку учество на разни обуки, семинари и презентации, а со цел да овозможат подобар сервис и подобра услуга на своите коминтенти. Мега Ауто Партс соработува со повеќе од 500 продавници, сервиси и овластени дистрибутери на автомобили долж целата територија на Р. Македонија и со тоа претставува една од најголемите компании во AFTERMARKET бизнисот со авто делови. Денес, Мега Ауто Партс има преку 50 вработени кои се грижат за услугата кон клиентите да биде на највисоко можно ниво.