Literatura Superstore - East Gate Mall

Почетна > Брендови > Literatura Superstore

Literatura Superstore

Отворено секој ден

Спрат:

01

Вебстрана:

https://www.literatura.mk

Телефон:

078/475-289

Социјални мрежи:

Книжарниците „Литература.мк“ ги носат светските книжни трендови, задоволувајќи го вкусот и на најпребирливите љубители на книгата. „Литература.мк“, која започна како онлајн продавница (www.literatura.mk), сега има осум специјализирани книжарници стационирани на најфреквентните места во Скопје и Битола, а наскоро и во Струмица. Во книжарниците на Литература.мк Суперстор има голем избор на белетристика, литература за деца, стручна литература и едукативни материјали на повеќе јазици, од најголемите домашни и странски издавачки куќи. Во архитектонски модерно дизајнираниот простор има повеќе содржини: канцелариски материјал, училишен прибор, дидактички и едукативни публикации, но и помагала за уметност и дизајн, како и ракотворби. Посебен акцент е ставен на програмата за подароци: тетратки, планери, чаши, маици, картички, магнети и друго. Во него можете да најдете и луксузни подароци, дизајнерски производи за дом и канцеларија. Книжарницата располага и со широк асортиман на играчки за деца до 14 години, од повеќе светски познати брендови. Книжарниците се замислени и како места за одржување на различни културни настани, промоции на книги, концерти, деловни презентации и снимања.