Почетна > Брендови > Комерцијална Банка
Комерцијална Банка
09:00 – 18:00 пон-петок | 09:00 – 14:00 во сабота
Спрат:
00
Вебстрана:
Телефон:
Телефон:
Социјални мрежи:
Работно време
09:00 – 18:00 часот од понеделник до петок
09:00 – 14:00 часот во сабота
Кат Приземје
Веб страна www.kb.com.mk
Комерцијална банка АД Скопје е една од водечките банки во Република Северна Македонија, која во своето долгогодишно работење изгради имиџ на банка со традиција, доверба, сигурност, иновативност и силна домашна и меѓународна репутација. Како универзална приватна банка нуди широк асортиман на банкарски активности. Во експозитурата на Комерцијална банка во East Gate Mall ви нудиме денарски и девизен платен промет, менувачко работење и Western Union, кредитирање физички лица и микрокредити за правни лица, банкарски картички, одобрување дозволено пречекорување, осигурување, пензиски шеми, продажба на удели во КБ Публикум и останато. Единствена банка во молот, која нуди модерен дигитален сервисен центар достапен на клиентите 24/7, каде може да се вршат готовински уплати и исплати на банкомат, менувачки трансакции на банкомат, плаќање сметки за јавни услуги, подигнување извод од трансакциска сметка. Преку широко распространетата мрежа на филијали, експозитури, банкомати и ПОС терминали, која постојано се зголемува, Банката е блиску и секогаш на услуга на крајните корисници.