

„Биди Cool After School“ – Саем за вонучилишни активности во East Gate Mall
9th September 2025

Во рамки на кампањата „Back to School“ и по повод почетокот на новата учебна година, East Gate Mall со задоволство го најавува овогодишното издание на саемот за вонучилишни активности „Биди Cool After School“.
Овој настан е наменет за деца и млади, со цел да им помогне да откријат нови интереси, хобија и активности кои ќе придонесат за нивниот личен и академски развој.
Што ќе најдете на саемот?
1. Тинкерс Лаб (Tinker Labs Macedonia)
Образовен центар за деца во Скопје, каде што преку игра и практична работа во STEAM (наука, технологија, инженерство, уметност и математика) методологијата се негува креативноста и љубопитноста кај децата од 4 до 16 години.
2. Радувај се
Relax Kids работилниците се состојат од седум чекори преку кои децата учат да се смират, опуштат и фокусираат. Работилниците вклучуваат танц и движење, глума и релаксација, истегнување, заемна масажа, дишење, афирмативни искази, свесно внимание и визуелизации.
3. Ведра Едукација
Организација која организира креативни работилници за деца — на пример, часови за фрактално цртање со ученици од 7-ми одделение, како и ликовни креативни предизвици за деца од 5 до 13 години
4. Break A Leg
студио за хип-хоп и модерни танци во Скопје, основано во октомври 2008 година. Нуди програми за лица од 4 до 50 години, поддржани од професионални танчери и педагози. Активно промовира хип-хоп културата, организира меѓународни натпревари, работилници и предавања, а учесниците имаат освоено бројни награди на национално и меѓународно ниво.
5. Avenga Academy
Модерен едукативен и тренинг центар, специјализиран за професионални курсеви во ИТ и бизнис области: веб-развој (AI-Driven Web Dev), компјутерски мрежи/ITOps, Data Science, Cyber Security, DevOps, Software Testing, Digital Marketing, Sales & Business Development, UI/UX и др
6. EC Johnson Academy
Академијата е позиционирана како современа образовна институција чија мисија е изучување на странските јазици да стане природен и интегрален дел од секојдневниот живот и култура на слушателите.
Овој пристап се реализира преку:
- Долгогодишно искуство во наставата и континуиран професионален развој на наставниот кадар.
- Интензивен фокус на практично и комуникативно изучување на јазикот, наместо ограничување на теоретско знаење.
- Иновација и современи методологии, кои претставуваат основа во креирањето на наставните програми.
- Интеграција на дигитални алатки и интерактивни ресурси кои го прават процесот на учење динамичен, привлечен и прилагоден на потребите на учениците.
Нашата работа е заснована на принципите на квалитет, професионалност и доверба. Веруваме дека секој ученик поседува потенцијал за постигнување врвни резултати доколку му се обезбедат соодветна поддршка, стручни ментори и современи образовни алатки.
Со тоа, Академијата не е само место за изучување на странски јазици, туку и центар за личен и академски развој, кој отвора нови можности и перспективи за иднината.
7. American Corner
American Corner е културно-образовен центар oсвен што нуди слободен пристап до книги, списанија и дигитални ресурси, тој е и место каде редовно се организираат обуки, креативни работилници и едукативни програми за деца и млади.
Преку активности како читачки клубови, STEM работилници, курсеви за креативно пишување, предавања и интерактивни игри, децата имаат можност да учат англиски јазик, да развиваат критичко размислување и да се запознаат со американската култура. Corner-ите често организираат и летни програми и специјални настани наменети за најмладите, со цел да ја поттикнат љубопитноста и креативноста кај децата.
Датум и време на одржување
- Петок, 12 септември | 18:00 – 20:00
- Сабота, 13 септември | 12:00 – 20:00
- Недела, 14 септември | 12:00 – 18:00
Локација
📍 East Gate Mall приземје
Ве покануваме заедно со вашите деца да го посетите саемот и да ја изберете најдобрата активност за новата учебна година.
Бидете дел од саемот и откријте зошто е важно да се биде Cool After School!