Запознајте ги Патролните шепи - East Gate Mall
?>

Запознајте ги Патролните шепи

image of the store

Патролните шепи доаѓаат во East Gate Mall од 31 март и ќе останат да се забавуваат со нас до 17 април. Дојдете и запознајте ги Рајдер, Маршал и Чејс како и нивните работни станици и креативни работилници, а најмалите ќе ги научат работните обврски на патролните шепи.

Предводени од  десетгодишниот Рајдер, кученцата на PAW Patrol се “кучиња спасувачи – во процес на обука”. Секое кученце е инспирирано од реална професија како пожарникар или градежник. Кога ќе се појави неволја во Adventure Bay ,,Заливот на Авантурите”, тие се таму за да го спасат денот! Без разлика дали се работи за мачка на дрво или воз надвор од шините, тие секогаш наоѓаат начин да им помогнат на оние на кои помошта им е потребна.

Дојдете во East Gate Mall и станете член на Патролните шепи!

,,Meet and greet“ – Запознавање со Патролните шепи ќе се случува во следните периоди:

Дата и ден Распоред за претстави
31 март, петок 18:00
1 април, сабота 18:00
2 април, недела 13:00 и 18:00
4 април, вторник 18:00
6 април, четврток 18:00
8 април, сабота 13:00 и 18:00
9 април, недела 13:00 и 18:00
11 април, вторник 18:00
13 април, четврток 18:00
15 април, сабота 13:00
16 април, недела 13:00
17 април, понеделник 13:00

За учество во работилниците, потребна е претходна пријава на телефонските броеви:

071 381 454