

НАПЛАТА НА ПАРКИНГ БИЛЕТИ
6th October 2023

Од понеделник, 9 октомври 2023 во трговскиот центар East Gate Mall ќе се воведе наплата на билетите за користење на паркингот. Посетителите потребно е да го чуваат билетот за паркинг за време на нивниот престој , но по излегувањето од трговскиот центар потребно е да извршат наплатат на паркингот на нашите назначени паркомати.
Во трговскиот центар се поставени неколку апарати за наплата на паркинг билетите и тоа на следните локаци:
- Ниво -2, излез кон паркинг на паркоматите поставени пред продавницата Крусел и Кар бокс.
- Ниво -1 излез кон паркинг на паркоматите поставени пред продавницата Нептун и 5Центар.
Работно Време на Паркингот: 08:00 – 01:00
Правила за НАПЛАТА НА ПАРКИНГ БИЛЕТИ :
- Првите 60 минути се бесплатни.
- Паркирање од 61 мин. до 180 мин. e во износ од 30 МКД.
- Паркирање над 181 мин e во износ од 30МКД плус 20 МКД за секој започнат час.
- Месечен билет за паркинг 1500 МКД.
- Казна за изгубен/оштетен билет за паркинг 500 МКД.
- Казна за изгубен/оштетен месечен билет 1200МКД.
- Бесплатно паркирање до 3 часа за корисниците на услугите во Палестра, Кар Вош и Мото Центар со валидирање на билетот во нивните обијекти.
- Бесплатно паркирање до 3 часа за корисниците на услугите на Тинекс со секоја фискална сметка на 999 МКД.