

East Gate Mall мобилна апликација и лојалти програма – Скенирај и добиј! Повеќе за тебе!
22nd April 2025

East Gate Mall мобилна апликација и лојалти програма – Скенирај и добиј! Повеќе за тебе!
Со новата мобилна апликација на East Gate Mall, купувањето станува уште повозбудливо! Придружи се на нашата лојалти програма – скенирај ги сметките од твоите омилени продавници и собирај поени, кои подоцна можеш да ги замениш за ексклузивни ваучери.
Истражи го молот – користи ја мапата за лесно да ги најдеш сите продавници.
Откриј ги сите брендови – дознај повеќе за твоите омилени продавници и нивните понуди.
Биди прв што ќе дознае за настаните – добивај ексклузивни известувања за сите новитети во East Gate Mall.
Преземи ја апликацијата сега и почни да освојуваш ваучери!
Често поставувани прашања
- Што е East Gate Mall мобилната апликација?
East Gate Mall апликацијата е твојот дигитален водич низ молот, со кој имаш пристап до мапа, информации за сите брендови и ексклузивни известувања за настани и попусти. - Каде можам да ја преземам апликацијата?
Апликацијата е достапна за преземање на App Store (за iOS) и Google Play Store (за Android). - Дали користењето на апликацијата е бесплатно?
Да, апликацијата е целосно бесплатна за сите корисници. - Дали морам да креирам профил за да ја користам апликацијата?
За пристап до лојалти програмата и ексклузивните понуди, потребно е да се регистрираш. - Што е East Gate Mall лојалти програмата?
Лојалти програмата ти овозможува да собираш поени секој пат кога ќе скенираш сметка од твоите купувања во молот. Поените можеш да ги замениш за ваучери. - Како можам да се приклучам на лојалти програмата?
Едноставно! Преземи ја апликацијата, регистрирај се и започни да ги скенираш твоите сметки. - Како да скенирам сметка за да добијам поени?
Отвори ја апликацијата, оди во делот „Скенирај сметка“, скенирај ја фискалната сметка и почекај потврда за добиените поени. - Колку поени добивам за моите купувања?
Бројот на поени зависи од износот на купувањето. За еден денар добивате еден поен. Деталите за поените можеш да ги најдеш во делот „Мои поени“ во апликацијата. - Каде можам да ги искористам моите поени?
Поените можеш да ги замениш за ваучери кои важат во одредени продавници во East Gate Mall. Листата на продавници ја имаш во апликацијата. - Дали поените имаат рок на важење?
Да, поените имаат одреден рок на важност. Погледни во апликацијата за повеќе информации. - Дали може да префрлам поени на друг корисник?
Во моментов, поените се лични и не можат да се префрлаат на други корисници. - Имам проблем со логирање во апликацијата, што да направам?
Обиди се да го ресетираш пасвордот преку опцијата „Заборавена лозинка“. Доколку проблемот продолжи, контактирај ја нашата поддршка. - Скенирав сметка, но не добив поени. Што да правам?
Провери дали сметката е јасно скенирана и дали ги исполнува условите на програмата. Ако проблемот остане, контактирај ја поддршката преку апликацијата.