"EGM talks" - Интервју со Олга Панго - East Gate Mall
?>

“EGM talks” – Интервју со Олга Панго

image of the store

Олга Панго – балерина, кореографка и уметнички раководител на Балетот при МОБ

 

Од каде се роди љубовта кон балетот?

Мојата балетска приказна почна уште како многу мала. Бев вљубеник во танцот, и сѐ уште сум.Тоа е вирус што останува за навек. Мојата професија е посебна привилегија, таа им припаѓа само на посветените и на вљубените во неа.

 

Кој ти е најголема поддршка во животот / кариерата?

Можеби звучи како стереотип, но семејството е тоа на кое му должам многу. Мојата мајка, сопруг и мојот син.

 

Што значи за тебе да се биде моќна жена?

Да поместуваш граници, да уриваш стереотипи, а, сепак, да останеш женствена. Тоа е моќна жена и вредна за почит… жена што се бори.

 

Кои беа најголемите предизвици во твојата кариера?

Секој нов опус во мојата кариера беше предизвик. Секоја нова претстава, нова креација е предизвик. Да бидеш одговорен за… е, исто така, предизвик.

Ако не постојат предизвици, немаме зошто да бидеме уметници.

Предизвикот е тоа што нѐ води напред.

 

Како ги совлада пречките и сите промени што се случија во изминатите две години и колку влијаеја врз твојата работа?

Пандемијата многу нѐ погоди. Сите што работиме на сцена со човечки фактор бевме осудени да бидеме изолирани, да држиме дистанца, да вежбаме со маски… да одиме во карантин и слично. Тешко, но се пребродија најтешките моменти, со добро менаџирање и верба во подобро утре, успеавме да се избориме, да бидеме повторно во балетска сала и на сцена.

 

Покрај сите професионални активности и ангажмани, како и колку време одвојуваш за себе?

Секогаш ни недостига фактор време… успевам некако да го украдам и да го имам само за мене… не знам како, ама успевам.

 

Што е последното нешто што си го направила само за себе?

Пак стереотип, ама ми се чини како најдобра терапија… си купив чевли за премиера😉