

ГОООЛЕЕЕМА ДОРМЕО ДРУЖБА, ДЕТСКА ЗАБАВА И РАБОТИЛНИЦА
24th April 2025

ГОООЛЕЕЕМА ДОРМЕО ДРУЖБА, ДЕТСКА ЗАБАВА И РАБОТИЛНИЦА
Спијам, значи растам!
Светскиот ден на спиењето се слави секоја година со цел да се информира пошироката и стручната јавност за влијанието на добриот сон врз здравјето.
Одбележувањето на овој ден кај нас го започна Дормео со цел да едуцира, сподели искуства и информации за важноста на спиењето врз доброто здравје и благосостојба на секој поединец.
Квалитетниот сон е незаменлив фактор за физичко и ментално здравје, но е и привилегија која во моментов е загрозена од навиките и ритамот на модерниот живот.
Проблемите со спиењето претставуваат глобална епидемија која го загрозува здравјето и квалитетот на животот на 45% од светската популација. Долгорочните ефекти од недостатокот на сон се поврзани со бројни болести и негативни здравствени исходи, зголемување на телесната тежина, дијабетес, метаболички нарушувања, воспаленија, кардиоваскуларни болести, ослабен имунитет, но и нарушувања на менталното здравје, како склоност кон депресија, анксиозност и психоза.
Затоа Дормео, под слоганот „Време е! Наспиј се со Дормео“ во рамски на Дормео Деновите на Спиење, освен што се фокусира на главните теми околу подобрување на сонот и воспоставување на здрави навики за спиење, безбедна и чиста средина за спиење, целосни решенија за удобен сон и производите со попусти до 70% што може до помогнат во тоа, сака и преку бројни соработки, дебати, предавања и настани да ги контаминира и возраните, но и децата за идејата дека добриот сон е есенцијалната алка за добро, општо здравје.
Затоа, на 26.04, сабота, во East Gate Mall, Дормео организира голема забава, сонувалница и работилница. Ќе присуствуваат детските писателки Ана Јовковска и Ана Голејшка, со чии приказни ќе учиме како да изградиме читачки навики пред спиење, рутина која помага секое дете да се смири, да се опушти и да сфати дека е време за спиење, но и да „отплови“ во сосема поинаков свет каде што ќе може да се опушти пред да заспие.
Концерт мајстор ќе биде шармантниот Марко Марк, со кого посетителите ќе може да се забавуваат, да се натпреваруваат во местење постелнина и да си обезбедат одлични Дормео награди. Денс-спектакл ќе приредат најнаградуваните и најтрофејните Dancers United кои ќе ни покажат како малите луѓе сонуваат големи соништа!
Настанот ќе се одржи во сабота, на 26.04.2025, во East Gate Mall, на приземје (коридор Fashion Avenue) од 13.00 – 15.00 часот.