Ало, Дедо Мраз? - East Gate Mall
?>

Ало, Дедо Мраз?

image of the store

Ајде заедно да му се јавиме на Дедо Мраз!

Од 7 до 31 декември, секој работен ден од 17:00 – 20:00 часот и викенди од 12:00 – 19:00 часот дојди во East Gate Mall и остави видео порака на Дедо Мраз. Најди ја новогодишната црвена говорница и остави видео порака до Северен пол. Најкреативните видео пораки ќе ги споделиме на нашите социјални мрежи, а исто така дел од желбите ќе ги исполниме.

Локацијата на говорницата се наоѓа на главниот влез на трговскиот центар.

Доколку се срамиш и не сакаш да се снимаш, можеш да му пишеш на Дедо Мраз на истата локација и да го оставиш твоето писмо во поштенското сандаче. Твоето писмо ќе го испратиме до Северен Пол каде што Дедо Мраз ќе ги прочита твоите желби, а може и да ги ги исполни. Очекувај Дедо Мраз да ти одговори на твојата порака.

Дедо Мраз оваа зима во East Gate Mall ги исполнува желбите на најумните.

Секој викенд од 12 до 19 часот со единечна сметка од 1500 денари може да отвориш едно поле во адвент календарот каде што можеш да добиеш подарок кој се крие зад таа врата.

Локација – Fashion avenue, приземје.

Доколку сакаш да се сликаш со Дедо Мраз во трговскиот центар во неговата преубава поставка, дојди на Fashion Avenue каде што ќе го најдеш секој работен ден од 12 до 20 часот, а викенди од 12 до 21 часот.

За најмалите подготвивме специјална забава со пеење на новогодишни песни. Секој викенд од 12:00 – 14:00 часот на првиот кат ќе можеш да ги испееш твоите омилени песни на караоке забавата. А најмалите, може да учествуваат и во детскиот адвент календар каде што може да добијат подарок со единечна сметка над 1500 денари.

Овој декември е месец кога се забавуваме по повод новогодишните и божиќните празници.

Ти си центар!