Marfi Macaroons - East Gate Mall
Назад

Marfi Macaroons

Отворено секој ден

Спрат:

01

Социјални мрежи:

Киоскот на Марфи макаронс и чоко арт во East Gate Mall се наоѓа на првиот кат и нуди макаронси, чоколадни бомбони- чоко арт, торти и пуслици. Нашите производи се од македонско производство и се со врвен квалитет. Нашата фирма БИП комерц во 1992 година започна со производство на домашни торти и колачи. Во 2005 година го создадовме брендот Марфи макаронс кој е специјализиран за макаронс колачи, како прв производ од овој тип на нашиот пазар. Нудиме 18 различни вкусови и бои на макаронс, како и неколку различни ексклузивни пакувања. Исто така под овој бренд се и пуслиците во различни бои. Во 2020 година го создадовме нашиот најнов производ Марфи чоко арт, кој е уникатен со својот уметнички изглед и рачната изработка. Овој бренд содржи кутии со чоколадни бомбони, чоколадни плочки и фигури од чоколадо. На киоскот се продаваат и нашите домашни торти кои имаат 30 годишна традиција и премиум квалитет со природни состојки без адитиви. Застапени се 15 различни вкусови и повеќе големини, форми, како и торти по порачка.