

Почетна > Брендови > Spizzicotto
Spizzicotto

Spizzicotto е еден од најстарите и најпознати македонски брендови за свежо подготвена храна, кој постои од 1996 година.
Својата прва продажна точка ја отвори во Градскиот Трговски Центар во Скопје, од каде што брзо освои голем број гурмани со неодоливите ароми на свежо подготвена храна.
Во март 2012 година, со цел да ги израдува скопските семејства, го отвора вториот ресторан во Скопската Зоолошка градина, со малку поинаков визуелен идентитет – прилагоден на желбите на децата.
Следејќи ги трендовите и потребите на своите потрошувачи, во октомври 2012 година Spizzicotto ја отвора третата продажна точка во новиот Сити Мол.
Следниот, или трет ресторан, е отворен во октомври 2018 година спроти Машинскиот факултет.
Во март 2021 година, новата локација е спроти седиштето на НЛБ Банка – веднаш до седиштето на Европската Унија.
Во ноември 2021 година, најновата локација е отворена во East Gate Mall.
Зад Spizzicotto стои тим од четириесет вистински љубители на добрата храна, посветени на подготовка на вкусни и свежи оброци.
Сите состојки што ги користи Spizzicotto за подготовка на своите производи се со висок квалитет и македонско потекло.