Просветно дело - East Gate Mall

Почетна > Брендови > Просветно дело

Просветно дело

Отворено секој ден

Спрат:

01

Вебстрана:

https://www.prosvetnodelo.com.mk/

Социјални мрежи:

Просветно дело е водечки издавач во РС Македонија, специјализиран за издавање висококвалитетни книги од широк спектар жанрови, вклучувајќи: белетристика, поезија, литература за деца, учебници, стручна литература и др.

Основана во 1945 година како прва издавачка куќа во Република Македонија, меѓу првите објавени наслови се „Буквар“, „Збирка македонски народни песни“, „Македонски правопис“ и „Македонска Граматика“. Подоцна беа објавени албанскиот правопис и турскиот правопис. Ова се само почетоците на една речиси 80-годишна традиција во издаваштвото со повеќе од 15 000 објавени наслови во над 70 милиони примероци.

Денес нашата компанија има разновидна палета на производи во нашата малопродажна мрежа од 35 книжарници низ целата земја. Нудиме широк асортиман на производи за да ги задоволиме потребите на секој купувач, и покрај издаваштвото, наша дејност е и снабдувањето со училиштен прибор и канцелариски материјали, училишни дидактички материјали, едукативни и креативни играчки, а нудиме и богат избор на подароци.