Prima Optics - East Gate Mall

Почетна > Брендови > Prima Optics

Prima Optics

Отворено секој ден

Спрат:

01

Вебстрана:

https://optics.prima.mk/

Телефон:

02/3131-033

Социјални мрежи:

Prima Optics е основана во 1999 година со цел на Скопје да му даде уникатно купувачко искуство. Покрај уникатните брендови кои ги нудиме почнувајќи од Cartier, Dita, Chopard, Cazal, ги нудиме и сите останати брендови кои се актуелни во светот на модата, како што се Dolce&Gabbana, Prada, Ray Ban, Emporio Armani, Vogue, Ralph Lauren…

Основајќи ја Prima Optics, замислата е на секој клиент да му се посвети соодветно внимание и решение од стручниот и професионален тим кој што секогаш е подготвен да одговори на сите барања на клиентите. Токму поради тоа, Prima Optics успешно го подигна нивото на квалитет и услуга, овозможувајќи им на клиентите се што им потребно за совршен вид, вклучувајќи брендирани сончеви и диоптриски очила, најквалитетни диоптриски стакла и најголем избор на корективни леќи.

Денеска во Prima Optics опслужуваме илјадници клиенти, за чие задоволство сме бескомпромисно посветени. Нашиот императив е да Ви овозможиме беспрекорна услуга која што Вие ја заслужувате и тоа е нашиот поттик кој долги години ни овозможува да работиме уште поуспешно. Водејќи се според поставените принципи, Prima Optics успешно ја продолжува својата приказна, зголемувајќи го секој ден бројот на задоволни и лојални клиенти на кои секогаш сме им првичен избор кога станува збор за здравјето на очите. Услуга со 5 звезди е наш систем на вредности и примарна причина за долгогодишната лојалност на нашите купувачи.

Prima Optics Ви овозможува:
– Професионална услуга
– Голем избор на диоптриски рамки и очила за сонце од светски познатите брендови
– Сите видови на корективни леќи од реномираните светски производители
– Најсовремена апаратура за компјутерска проверка на диоптрија
– Најсовремена технологија за изработка и сервисирање на очила