PlayPark - East Gate Mall

Почетна > Брендови > PlayPark

PlayPark

Отворено секој ден

Спрат:

02

Телефон:

072/232-855

Социјални мрежи:

Плеј Парк е фирма што постои од 2009 година. Забавата е распространета на 21 локација секаде низ светот. Нашата игротека во Скопје, се наоѓа на вториот кат и се состои од дел “софт плеј” кој сеопфатува дел трамболини, тобогани, вртелешки, базен со топки и многу други активности наменети за деца од 3 до 8 години. Надворешниот дел е забава за сите возрасти. Располага со многу забавни игри како што се хокеј, кошарка, возење мотор, формула, фудбал, идење во џунглата и многу други разни игри.

Песочниот базен е дел каде што децата се чувствуваат слободно и креативно, се наоѓа на првиот кат и е наменет за децата од 1 до 7 годишна возраст. На истиот кат се наоѓа возот, кој предизвикува насмевка кај сите. Возот нуди забавно разгледување на првиот спрат.

Одлична забава и адреналин нуди Ураганот кој се наоѓа на -2 кат. Располага со филмови кои преку ВР очила се доживува вистинскиот адреналин. Ураганот се ротира 360 степени и има ефекти како чувство на реалност. Наменет е за возрасни и деца над 10 години.