Palestra - Fitness Center - East Gate Mall

Почетна > Брендови > Palestra – Fitness Center

Palestra – Fitness Center

Отворено секој ден

Спрат:

2

Вебстрана:

https://palestra.com.mk/

Телефон:

072/860-860

Социјални мрежи:

На површина од над 1.000 м2, „Palestra Fitness Center“ е новото омилено место во градот за сите вљубеници во фитнесот. Поставен на совршена локација во новоотворениот трговски центар East Gate Mall, со сопствена тераса со магичен поглед, фитнес центарот „Palestra“ ќе ви овозможи уживање во сите придобивки што ги нудат новитетите во фитнес светот. Целосно опремен со модели од најновата палета на светскиот бренд во фитнес индустријата „Technogym“.

Во Palestra Fitness Center, можете да добиете искуство со вежбање на целото тело со сите класични фитнес активности и различни групни активности наменети за секое ниво на фитнес, како што се Skillathletic, Barre Fitness и Brazilian Dance Beat и Психомоторен развој кај деца. Тимот на фитнес центарот е составен од искусни и сертифицирани тренери, кои нудат  широк спектар на часови и советувања кои ќе им помогнат на сите клиенти да ги постигнат нивните фитнес цели, а за оние кои бараат дополнителна мотивација, Palestra Fitness Center нуди и услуги за персонален тренинг. Професионалните фитнес тренери се тука да ви помогнат да ја подигнете вашата фитнес рутина на следното ниво.

Palestra Fitness Center ги редефинира здравјето и фитнесот нудејќи уникатно интегриран, проактивен и персонализиран пристап кон сопственото здравје.

Работното време:
Понеделник – Петок од 06:00ч до 22:00ч
Сабота од 08:00ч до 22:00ч
Недела неработен ден