

iStyle

iSTYLE, членка на Midis Group, е најголемиот Apple Premium Reseller со мрежа во 9 земји од Централна и Источна Европа. Преку 47 малопродажни продавници и онлајн продавници, iSTYLE нуди целосна палета на уреди како што се Mac, iPad, iPhone, Apple TV, како и фантастичен и внимателно одбран асортиман на додатоци, софтвер и дополнителна опрема.
Во моментов во Македонија, iSTYLE има две малопродажни локации и веќе речиси 10 години на сите посетители им нуди, покрај производите, и широка палета на услуги кои се одликуваат со највисок квалитет и стандарди. Сето ова е возможно благодарение на комплетен тим од професионалци, сертифицирани и обучени според Apple стандардите.
iSTYLE не е само продажен простор, туку и најдоброто место за да го откриете Apple еко-системот со помош на целосен тим експерти. Без разлика дали сакате да го искористите максимумот од вашиот Mac или да најдете соодветно решение за вашите вработени, нашиот обучен тим секогаш ќе ви даде објективни и професионални препораки.
И тоа не е сè! Нудиме и широк спектар на услуги – од сервисирање и набавка на уреди до програми за финансирање.
Ве очекуваме!