Samsonite - East Gate Mall

Почетна > Брендови > Samsonite

Samsonite

Отворено секој ден

Спрат:

01

Телефон:

075/217-068

Телефон:

02/5113-435

Социјални мрежи:

House of Samsonite е малопродажна мрежа на висококвалитетен багаж за патување – куфери, ранци, патни торби – како и голем број патни аксесоари и модни додатоци.

Официјални застапници се на реномираните светски брендови “Samsonite” и “Piquadro”, кои се глобални лидери во својата класа, како и на уникатната модна приказна на “Anekke”, најпродаваниот шпански бренд последниве неколку години.

Во нивното портфолио влегуваат преку педесетина интернационални брендови “Delsey”, “Hedgren”, “Vendula”, “Picard”, “Pierre Cardin”, “Mandarina Duck”, “Marino Orlandi”, “Tamaris” итн, со што “House of Samsonite” се етаблираше во лидер на пазарот и место каде што секогаш ќе најдете врвни производи во кои успешно се комбинира стилот, најновата технологија за дизајн со посебен акцент на квалитетот и издржливоста.

„Ние сакаме да направиме позитивна разлика во животот на сите кои патуваат, затоа постојано сме во тек на светските трендови и ги носиме кај нас“, е визијата на оваа успешна бизнис приказна која долги години ги диктира стиловите во патувањето како на поединецот, така и на деловниот проефесионалец.

А резултатот е илјадници задоволни клиенти, супериорно корисничко искуство и многубројните признанија и пофалби.