

Почетна > Брендови > Me & Brands
Me & Brands

МЕ&Brands е мултибренд продавница , за возрасни и деца, која заживеа од потребата на нашите купувачи,кои бараа место каде ќе можат директно да видат и купат тоа што им треба на нив или на нивните деца. Внимателно селектирани брендови, со исклучителен квалитет а пристапна цена. Производи кои го подобруваат секојдневието на урбаниот човек, дали за време на работното место или надвор, или овозможуваат здраво растење на децата.
Тука може да ги најдете BARNER очилата кои се број 1 за заштита од екрани,односно сина светлина, но и нивната колекција очила за сонце, очила кои се издвојуваат по нивната лесна рамка, удобни,и најдобрата заштита. BOMBATA пак е италијанска колекција на шарени, дезенирани, весели торби за лаптоп и документи кои освен што ги штитат ,го надополнуваат стилот и ранци за секојдневните прошетки. URBANISTA слушалките се тука да ве поддржат додека се движите,да ја слушате омилената музика или подкаст. Со Infinitebook, бескрајно пишување. Уникатни нотеси кои доагаат заедно со тенок маркер кој може да брише бескрајно и бескрајно да ги користите страниците.
Со BANZ Антифоните,кои ги носат бебињата на сите селебрити, вашето бебе ќе може да го носите секаде со вас, без грижа дека бучавата ќе го вознемири. Облеката со 50+ УПФ заштитен фактор, вашите деца ќе бидат заштитени од сонцето додека сте на плажа,но и при шетањето во парк со нашите уникатни шеширчиња, колекција за пикник, термоси. Наочарите за бебиња и деца BANZ пак се толку слатки и лесни. Attipas е тука за најдобра поддршка на стапалата, имитира босо одење и се идеални за проодување на бебето но и подоцна кога детето самостојно се движи и истражува. Внимателно одбрани и играчки за малите од брендовите Le Toy Van , Little Dutch, Baghera и друго само ќе го надополнат вашето искуство во нашата продавница.