Dormeo home - East Gate Mall

Почетна > Брендови > Dormeo home

Dormeo home

Отворено секој ден

Спрат:

01

Вебстрана:

http://www.dormeo.com.mk/

Телефон:

02/3122-862

Социјални мрежи:

Сè започна во 1992 година во Словенија. Тогаш, бевме компанија за директна продажба која беше лоцирана во Словенија, со само еден бренд – Космодиск, кој нудеше ефикасни решенија за болки во грбот. Бевме мал тим, но, желни да правиме добро.
Од кога почнавме со продажбата на првите нашите производи, пред 3 декади, Студио Модерна порасна во интернационален бизнис и водечки синџир за малопродажба во повеќе канали во Централна и Источна Европа, присутен во 19 земја со вкупен досег од 160 милиони потенцијални купувачи.
Нашите докажани брендови: Дормео, Делимано, Ровус, Велнео, Вокмкас и Топ Шоп допираат до милиони луѓе во нивните домови за да им го поедностават и подобрат секојдневниот живот. Тие се грижат за различни области, од спиење, готвење, чистење, до вежбање, убавина, велнес и повеќе. Сите заедно, прават разлика во тоа како семејствата уживаат во животот дома.

Dormeo – од 2002 година
DORMEO® е експертски бренд за решенија во домот и спиењето, кој создава хармонија со секој производ кој го имаме. Нашата приказна започна во 2002 год. со еден душек од пена.
Денес, DORMEO® нуди висококвалитетни производи за спиење и живеење: душеци, над-душеци, перници, јоргани, постелнина, производи за дневната соба, додатоци за бањата и е експерт за решенија во спиењето со повеќе од 300 производи во своето портфолио. Брендот DORMEO® нуди квалитетен сон на повеќе од 12 милиони луѓе во Европа и е присутен во 40 земји низ светот.

DELIMANO – од 2010 година
DELIMANO® е еден од најпрепознатливите брендови за кујнска опрема на пазарот од 21 земја и еден од најбрзо растечките брендови на Студио Модерна, со повеќе од 7,3 милиони задоволни купувачи како доказ. Работиме напорно да им ги овозможиме на нашите купувачи најдобрите материјали, иновативни решенија, неверојатни перформанси и модерен дизајн.
Брендот DELIMANO® нуди иновативен опсег на одлична кујнска опрема која е дизајнирана да овозможи здраво, вкусно готвачко искуство. Ја охрабрува вашата страст за готвење и забава во кујната. Брендот DELIMANO® инспирира и создава креативност за секое време поминато во кујната да биде празнување. Брендот DELIMANO® нуди мали кујнски апарати, садови за готвење, прибор за јадење, алатки и додатоци.

ROVUS – од 2005 година
Брендот ROVUS® нуди иновативни, ефикасни решенија за грижа и унапредување на домот, кои ќе ви помогнат да го одржувате чист и среден. ROVUS® го зголемува квалитетот на вашиот живот со тоа што ќе го претвори домот во пријатен, естетски, опуштен и здрав простор за живеење. Портфолиото на ROVUS® вклучува производи за чистење и нега на домот, унапредување на домот и грижа за облеката, производи кои комбинираат функционалност и одлична цена наспроти квалитетни перформанси.
ROVUS® производите чистат со моќта на водата, како пареа или со природни но, ефикасни состојки кои произведуваат еколошки раствори за чистење. Нашата иновативна ROVUS® Nano линија е следниот чекор во еволуцијата во светот на чистењето, гарантирајќи длабинско чистење додека истовремено ја штитат нашата планета.
Пред да ги понудиме на купувачите, ROVUS® производите се тестираат од независни компании за контрола на квалитет (како SGS, SIQI) и секогаш се проверуваат дали ги исполнуваат светските регулативи.