5 Центар - East Gate Mall
Kthehu

5 Центар

Hapur çdo ditë

Kati

-01

Милениците се важен дел од животот на секој  од членовите на нашиот тим.

Тие се всушност составен дел на нашите семејства.

Љубовта спрема животните имаше силно влијание и врз изборот на нашите професии, така што некои од нас ја одбраа ветерината, некои се посветија на грумингот, некои на правилната исхрана на милениците…

 

5 ЦЕНТАР  е посветен на грижата кон милениците.

 

Создаден е како збир на идеи на љубителите на животни и нивните секојдневни потреби и предизвиците со кои што се соочуваат.

 

Познавајќи ги од прва рака потребите на сопствениците на кучиња и мачиња во нашиот град, одлучивме во склоп на 5 Центарот да функционираат Пет шоп, Груминг студио и Дневен пансион за миленици,  на едно место.

 

Во 5 Центар Вашите миленици ги третираме онака како што ги третираме и нашите сопствени, со љубов, одговорност и посветеност. Кај нас вашето милениче ќе биде сместено на чисто, безбедно и комфорно место, за да можете релаксирано да ги завршите сите планирани обврски во текот на денот.

 

Во склоп на 5 Центар функционира Груминг студио каде што тим од професионални грумери ќе се погрижи за комплетна нега и преубав изглед на Вашето куче. Третманите подразбираат бањање, четкање, шишање и фризури по мерка на миленичето.

 

Правилната исхрана е половина здравје, затоа се потрудивме да ги обезбедиме најквалитетните брендови на храна соодветно на видот, големината, возраста и потребите на миленичето. За милениците со одредени здравствени проблеми имаме специјални ветеринарни линии на храна кои ќе им овозможат поздрав, поубав и подолг живот.

 

Однапред се радуваме на средбата со Вас и Вашето милениче!