БАРАМЕ DOGFLUENCER - East Gate Mall
?>

БАРАМЕ DOGFLUENCER

image of the store

Славиме една година како pet-friendly трговски центар. Минатата година во октомври ги отворивме вратите за нашите драги крзнени миленици. 🥰

По тој повод, од 1 до 13 октомври организираме конкурс dogfluencer – во потрага сме по првиот миленик-инфлуенсер на трговскиот центар.

Како да учествувате? Прочитајте ги правилата подолу.

Поздр ав ав ав! 🐾

 

ОФИЦИЈАЛНИ ПРАВИЛА НА КОНКУРС

БАРАМЕ DOGFLUENCER“

  1. ОРГАНИЗАТОР

Друштвото за управување со недвижен имот ЕАСТ ГАТЕ МАЛЛ ДООЕЛ увоз-извоз Скопје, со седиште на ул. Беласица бр. 2, Скопје, општина Гази Баба.

  1. ЛОКАЦИЈА

Конкурсот ќе се одвива на официјалниот Инстаграм профил на EAST GATE MALL – @eastgatemall.mk

  1. ВРЕМЕТРАЕЊЕ

Конкурсот започнува на 1 октомври 2024 година и завршува на 13 октомври 2024 година.

  1. УСЛОВИ ЗА УЧЕСТВО

Конкурсот е отворен за сите поединци постари од 18 години кои мора да ги почитуваат условите на овие Официјални правила на Конкурсот.

Учеството на Конкурсот не е поврзано со пазарење во East Gate Mall (трговски центар).

Секој што сака да учествува  на Конкурсот потребно е да објави приказна (стори) од своето милениче – куче од специјалното катче dogfluencer на ниво 0 во East Gate Mall на својот инстаграм профил со означување @eastgatemall.mk

Секој Учесник може да учествува неограничен број пати за целиот период на Конкурсот.

Вработените на Организаторот не можат да учествуваат на Конкурсот.

  1. ОБЈАВА НА ДОБИТНИЦИ И НАГРАДИ

5.1. Наградите се:

Прво место

  • Годишен договор за соработка со East Gate Mall во износ од 200,00 евра во денарска противвредност.
  • вредносен ваучер во износ од 5.000,00 денари од 5Centar.
  • Околувратник од Карес

Второ место

  • вредносен ваучер во износ од 2.500,00 денари од 5Centar.

Трето место

  • вредносен ваучер во износ од 1.000,00 денари од 5Centar.

 

Добитниците ќе бидат избрани на 15 октомври 2024 година.

Трочлената жири комисија,  составена од претставници на 5Centar и Трговскиот центар,  ќе биде одговорна за изборот на добитниците на Конкурот „dogfluencer“ (догфлуенсер). Комисијата има задача да ги прегледа сите содржини на приказните постирани на Инстаграм профилот на East Gate Mall од страна на учесниците и ќе ги избере најсоодветните врз основа на критериумите – креативност, стил и талент.

5.2. Добитниците ќе бидат известени со објава на приказните (сториња) на извлечените добитници на официјалниот Инстаграм профил на East Gate Mall – @eastgatemall.mk. Доколку Добитникот не одговори во рок од 3 дена (или одбие да ја прими наградата), ги губи правата да ја прими наградата, а Организаторот го известува следниот резервен учесник по редоследот на извлекувањето.

5.3. За да ја прими наградата, Добитникот потребно е  да го потврди својот идентитет со документ за идентификација (лична карта) и да го пополни и потпише Протоколот за прием на наградата на Информативниот пулт (ниво 0) во East Gate Mall, во рок од 15 дена од датумот на нејзиното објавување.

5.4. Приказните (сториња) коишто не ги исполнуваат наведените пропозиции и не ги содржат сите делови,  како и постираните по наведениот краен рок нема да се разгледуваат.

  1. ОПШТИ УСЛОВИ

6.1. Со учество на Конкурсот , учесниците се согласуваат да ги почитуваат условите и официјалните правила опишани погоре. Официјалните правила ќе бидат  јавно објавени и достапни за целиот период и времетраење на Конкурсот на официјалната веб страна на East Gate Mall – https://eastgatemall.mk/

6.2. Организаторот го задржува правото да ги дополни или промени Општите услови, а промените стапуваат на сила од денот на нивното објавување. Организаторот го задржува правото да го прекине Конкурсот во секое време. Во случај на приговори, конечните одлуки ги носи Организаторот.

  1. ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ

7.1. Сите лични податоци ќе се третираат како доверливи информации, согласно важечките прописи за заштита на личните податоци.

7.2. Со учество во оваа игра, Учесниците доброволно ги обезбедуваат своите лични податоци (име и презиме, телефон, е-пошта, возраст и/или други податоци) и се согласуваат овие податоци да се користат од страна на Организаторот, како и неговите партнери исклучиво за целите поврзани со овој Конкурс, имено:

  • потврдување на учеството на Конкурсот, одредување на победниците и воспоставување контакт за информирање на освоените награди.
  • организирање и обезбедување непречено примање на освоените награди и комуникација за таа цел.

 

ЕАСТ ГАТЕ МАЛЛ ДООЕЛ увоз-извоз Скопје