Sisley - East Gate Mall

Почетна > Брендови > Sisley

Sisley

Отворено секој ден

Спрат:

01

Вебстрана:

https://world.sisley.com/

Бенетон Групацијата е глобален моден бренд со седиште во Понзано Венето, Италија, кој датира од 1965.

Оваа групација има околу 5000 продавници низ целиот свет.

Во 1965 е отворена првата продавница на Бенетон во Белуно, град во регионот на Венето во Северна Италија, а три години подоцна во Парис. Во оваа групација влегуваат брендовите United Colors of Benetton I Sisley.

Бенетон Групацијата е позната во светот по спонзорства на спортски натпревари каде се претставуваат рекламните кампањи на бреднот. Во 1982, Бенетон го најмува Оливиеро Тоскани за креативен директор, што води кон промена на маркетинг фокусот со подигнување на свеста за различни прашања низ целиот свет. Во 1984, Тоскани ја фотографира првата мултирасна кампања за брендот.

United Colors of Benetton е лидер на плетена облека и стилизирана италијанска секојдневна мода. Основан како колоритен и забавен бренд, отсекогаш бил обдарен со инклузивен дух, креативни продукти за целото семејство со особено внимание на новите генерации.

Како факт се истакнува и тоа дека ознаката Green B на производите претставува одржлив идентитет на Бенетон Групацијата и купувачите. Логото кое е избрано е пчела, графички елаборирана користејки ја иконската волна на овој бренд. Мислата е дека симболот придонесува на размислување дека секој може да придонесе во “ кошницата со пчели “, која расте и се проширува исто како и нашата заложба за одржливост.