Baby Expo – најслаткиот настан за вашите малечки! - East Gate Mall
?>

Baby Expo – најслаткиот настан за вашите малечки!

image of the store

Baby Expo – најслаткиот настан за вашите малечки!

 

Од 24 до 26 октомври 2025 година, East Gate Mall ќе се претвори во вистински рај за бебињата и нивните родители!

Работно време на Baby Expo:

  • Петок (24 октомври): 17:00 – 20:00
  • Сабота (25 октомври): 11:00 – 20:00
  • Недела (26 октомври): 11:00 – 18:00

Три дена исполнети со штандови на најдобрите брендови за деца и бебиња, активности, совети, подароци и изненадувања за целото семејство — каде бебињата се шампиони, а татковците вистински херои!

Baby Expo ТРКИ – ПРАВИЛА ЗА УЧЕСТВО

ПОЛЗИЈАДА

Сабота, 25 октомври, од 12:00 до 14:00 часот

1. Право на учество

  • Во трката можат да учествуваат бебиња на возраст до 24 месеци (2 години).
  • Секое бебе учествува со родител или старател.
  • Пријавата е бесплатна, преку формуларот на веб-страницата на East Gate Mall.
  • Бројот на учесници е ограничен; пријавите се обработуваат по редослед на пристигнување.

2. Начин на одржување

  • Бебињата ќе ползат на специјално подготвена подлога.
  • Трките ќе се одвиваат во групи од по неколку бебиња, според распоредот објавен на лице место.
  • Родителите можат да ги охрабруваат бебињата со зборови, играчки или гестови, но не смеат да ги подигаат или физички придвижуваат.
  • Победник е бебето што прво ќе ја помине целната линија.

3. Безбедност

  • Учесниците треба да пристигнат најмалку 15 минути пред почетокот на трката.
  • Организаторот има право да промени или одложи трка поради технички или безбедносни причини.
  • Родителите/старателите се должни постојано да бидат покрај бебето и да се грижат за неговата безбедност за време на активноста.
  • Организаторот нема да сноси одговорност за несакани настани предизвикани од несоодветен надзор или однесување на родителите.

4. Награди

Вредни и атрактивни награди обезбедени од Violeta Double Care:

  • 🥇 Прва награда: годишна залиха пелени Violeta Double Care
  • 🥈 Втора награда: месечна залиха пелени и влажни марамчиња Violeta Double Care
  • 🥉 Трета награда: подарок производи Violeta Double Care

🎁 Сите учесници добиваат подарок од ДМ дрогерии.

Наградите не можат да се заменат за паричен еквивалент.
Организаторот го задржува правото да направи промена на наградите со други производи од слична вредност, доколку се јави потреба.

5. Одговорност и согласности

  • Со пријавувањето, родителот потврдува дека бебето е здраво и способно за учество.
  • Родителот се согласува фотографии и видеа од настанот да се користат за промотивни цели на East Gate Mall и Violeta Double Care.
  • Организаторот не сноси одговорност за инциденти во зоната за активност.
  • Со пријавувањето, родителот/старателот/учесникот дава согласност за обработка на лични податоци (име, презиме, возраст на бебето и контакт-податоци) за потребите на организација и реализација на настанот, согласно Законот за заштита на лични податоци.
  • Учесникот има право во секое време да побара пристап, измена или бришење на податоците, со обраќање до организаторот на https://eastgatemall.mk/privacy-policy/
  • Организаторот нема да ги споделува личните податоци со трети лица, освен со партнерите кои учествуваат во реализацијата на наградите, и тоа само до степен неопходен за испорака на наградите.

ТРКА ВО МЕНУВАЊЕ ПЕЛЕНИ

Недела, 26 октомври, од 12:00 до 14:00 часот

1. Право на учество

  • Учествуваат татковци со бебиња до 2 години.
  • Присуството на мајката или друг родител е дозволено за дополнителна поддршка.
  • Пријавата е бесплатна, преку формуларот на веб-страницата на East Gate Mall.

2. Начин на одржување

  • Секој татко добива сет за менување пелена (пелена, подлога и влажни марамчиња Violeta Double Care).
  • Целта е да се смени пелената најбрзо и најправилно, со прецизност и хигиена.
  • Времето се мери, а модераторот ја проверува умешноста во менувањето.
  • Победник е оној што најбрзо и најточно ја смени пелената.

3. Безбедност

  • Масичките за повивање ќе имаат специјални подлоги обезбедени од Violeta Double Care, кои ќе се менуваат за секое бебе.
  • Активноста се одвива пред модератор, учесници и публика.
  • Родителите/старателите се должни постојано да бидат покрај бебето и да се грижат за неговата безбедност за време на активноста.
  • Организаторот нема да сноси одговорност за несакани настани предизвикани од несоодветен надзор или однесување на родителите.

4. Награди

И во оваа активност следуваат вредни награди од Violeta Double Care:

  • 🥇 Прва награда: годишна залиха пелени Violeta Double Care
  • 🥈 Втора награда: месечна залиха пелени и влажни марамчиња Violeta Double Care
  • 🥉 Трета награда: подарок производи Violeta Double Care

🎁 Сите учесници добиваат подарок од ДМ дрогерии.

Наградите не можат да се заменат за паричен еквивалент.
Организаторот го задржува правото да направи промена на наградите со други производи од слична вредност, доколку се јави потреба.

5. Одговорност и согласности

  • Со пријавувањето, учесникот потврдува дека е запознаен со правилата и дека учествува на сопствена одговорност.
  • Се согласува дека фотографии и видеа од активноста може да се користат за промотивни цели на East Gate Mall и Violeta Double Care.
  • Организаторот не одговара за инциденти/штета надвор од зоната за активност.
  • Со пријавувањето, родителот/старателот/учесникот дава согласност за обработка на лични податоци (име, презиме, возраст на бебето и контакт-податоци) за потребите на организација и реализација на настанот, согласно Законот за заштита на лични податоци.
  • Учесникот има право во секое време да побара пристап, измена или бришење на податоците, со обраќање до организаторот на https://eastgatemall.mk/privacy-policy/
  • Организаторот нема да ги споделува личните податоци со трети лица, освен со партнерите кои учествуваат во реализацијата на наградите, и тоа само до степен неопходен за испорака на наградите.

✳️ Општи напомени

  • Организаторот го задржува правото на измени во распоредот/правилата, со навремена најава.
  • Со пополнување на пријавата, сите учесници се согласуваат со правилата.
  • Организаторот има право да дисквалификува учесници кои не ги почитуваат правилата, покажуваат непримерно однесување или предизвикуваат безбедносен ризик.
  • Во случај на спор, важи македонското законодавство, а надлежен е Основниот граѓански суд Скопје.
  • Настаните се дел од Baby Expo во East Gate Mall, во соработка со Violeta Double Care.

 Учесници на Baby Expo — краток опис

  • Violeta Double Care — Премиум линија за бебиња: пелени Air Dry, влажни марамчиња, подлоги и козметика за нежна и сува кожа.
  • MarkEv — Дистрибутер на Barner, Banz, Attipas и други практични, модерни производи за деца.
  • Baby Centar — Продавници со голем избор на бебешка опрема, мебел, облека и додатоци за мајки и бебиња.
  • Cool Bottles — Еколошки, BPA-free шишиња од нерѓосувачки челик — одржлива алтернатива на пластика.
  • Cell4Life — Банка за матични клетки: складирање крв/ткиво од папочна врвца за идни здравствени потреби.
  • Loolka — Македонски бренд за персонализирани перници и наддушеци, со ергономска поддршка и комфор.
  • Kids & Co — Концепт-продавница со внимателно селектирани производи: текстил, играчки, прибор, подароци.
  • Bibi & Bobi — Домашен бренд со едукативни игри, материјали и облека инспирирани од Биби и Боби.
  • Magniflex — Италијански бренд со 60+ години традиција: душеци, перници и решенија за здрав сон.

📍 Локација & Пријава

East Gate Mall – ТИ СИ ЦЕНТАР!
👉 Пријавете се веднаш: ( линк до формулар )