Pet Friendly Weekend - East Gate Mall
?>

Pet Friendly Weekend

image of the store

Правила за миленици во трговскиот центар East Gate Mall

East Gate Mall е првиот трговски центар во нашата држава кој овозможи влез на миленици. Фазите и процесот низ кои поминуваме се со ограничувања се додека не утврдиме дека можеме да одговориме на сите потреби кон посетителите кои доаѓаат со домашни миленици. Овие фази се едукативни за трговскиот центар и вработените во него се со цел да се избегнат било какви проблеми за домашните миленици, но и за посетителите кои доаѓаат без миленици.

Дозволен влез на сите миленици до 15kg.

Ве молиме Вашето милениче да биде на поводник цело време додека сте во трговскиот центар или во продавниците каде што е дозволен влез на миленик.

При влез во трговскиот центар, Ве молиме бидете сигурни дека сте опремени со кеса за измет или влажни марамчиња. Овие основни предмети дополнително можете да ги најдете на инфо пултот на приземје во трговскиот центар или во пет шопот 5Центар на ниво -1.

За милениците кои се жедни, ве молиме посетете го пет шопот 5Центар на ниво -1

Идентификување на продавницата која овозможува влез за домашни миленици:

Побарајте ја налепницата на влез на продавницата и идентификувајте дали е дозволен влез со миленик.
Доколку пред продавницата нема стикер за идентификување, Ве молиме не влегувајте или консултирајте се со вработените лица во продавницата.
Забранет е влез со миленици во следните објекти и простории:

•Тинекс маркет,
•Ресторани,
•одделот за самопослужување на храна и пијалаци

Одговорност за штети:

Како сопственик на домашно милениче, Ве молиме бидете одговорни за каква било штета предизвикана од Вашиот домашен миленик во трговскиот центар или која било од продавниците во кои е дозволен влез на миленици. Во такви случаи, од сопственикот ќе се бара да ги покрие трошоците поврзани со поправките или замените.

Ја цениме Вашата соработка во придржувањето кон овие упатства, бидејќи ќе обезбедат пријатна и безбедна средина за сите посетители, вклучително и оние со домашни миленици.