САЕМ НА ВОНУЧИЛИШНИ АКТИВНОСТИ ВО ИСТ ГЕЈТ МОЛ 16 – 18 СЕПТЕМВРИ - East Gate Mall
Back

САЕМ НА ВОНУЧИЛИШНИ АКТИВНОСТИ ВО ИСТ ГЕЈТ МОЛ 16 – 18 СЕПТЕМВРИ

image of the store

Запознајте ги нашите изложувачи:

 

  • Aqua dance studio

AQUA е училиште за танц, кое главно се фокусира на хип-хоп, улични танци, современ балет и џез танци. Танцуваме заедно уште од 1999 година, активни на многу настани и натпревари. Нашите членови имаат освојувани многу награди во полето на современиот танц. Придружи се на Aqua и танцувај заедно со ритамот на музиката.

 

  • Helen Doron

Helen Doron е училиште за странски јазици кое применува еден иновативен и уникатен метод за рано изучување на англискиот јазик. Со интернационално признатиот систем за учење англиски јазик ги стимулираме природните можности на децата да учат со помош на активно слушање и многубројни активности на час – креирајќи позитивна, атмосфера која има дава на децата можност да го усвојат англискиот јазик на ист начин како и мајчиниот.

 

  • IQ up

IQ UP! програмите уникатни, иновативни и забавни, соодветно приспособени на возраста и интелектуалните потреби на секое дете и вклучуваат образование од областа на: математика, биологија, хемија, физика, технологија, уметност и литература,  инженерство, екологија, астрономија, електроника, механика и програмирање. Поделени се на неколку возрасни групи, а опфаќаат деца на возраст од 5 до 13 години.

 

  • Малац Генијалац

Малац Генијалац се грижи за интелектуалниот развој на вашето дете. Нашите програми се направени за да инспирираат и образуваат деца кои сакаат да го менуваат светот. Училиштето за ментална аритметика Malac Genijalac применува оригинална Хикари програма за ментална аритметика и успешно ја спроведува програмата со која на соодветен начин се стимулираат детските способности од најраниот период. Програмата дава исклучителни развојни резултати, благодарение на феноменалниот јапонски метод развиен во соработка со најпознатите светски експерти.

 

  • Школа за ракомет ТОПКА

Спортот е исклучително важен за прав психолошки и физички развој на децата. Со одлични тренери и забавни тренинзи го развиваме тимскиот дух и ја зголемуваме самодовербата на децата. Ракомет за секое дете. 

 

  • Крешендо музичко и балетско училиште

Нашето, музичко и балетско училиште Крешендо нуди богати студиски програми, достапни за секого, од деца, тинејџери, возрасни, сè до искусни професионалци и аматери. Нашата цел е да обезбедиме пристап, да создадеме охрабрувачка околина и атмосфера и да им помогнеме на нашите ученици да го совладаат јазикот на музиката и магијата на танцот.

 

  • Ithink Академија

Ithink Академијата e првата и единствена ИТ-академија во Македонија наменета за деца на возраст од 8 – 14 години чија главна цел е поставување на темелите на основните знаења за информатичката технологија и ИТ индустријата. Нудиме широка програма со повеќе модули, за кои дополнително ќе можете да се информирате на нашата веб страница.

 

  • СТЕМ Академија

СТЕМ Академија (STEM – Science, Technology, Engineering and Mathematics) се занимава со образование од полето на науката, технологијата, инженерство и математиката. Академијата постои повеќе од 8 години и е единствена организација во регионот и пошироко која е глобано акредитирана за СТЕМ образование. Дополнително,  нашите програми се официјално признаени и проверени во светот, а Академијата соработува со врвни партнери како LEGO® Education и Microsoft.