“EGM biseda” – Intervistë me Arbnora Memeti - East Gate Mall
?>

“EGM biseda” – Intervistë me Arbnora Memeti

image of the store

Од сите приказни и луѓе што поминале низ твојот објектив, што е тоа што ти има оставено најголем впечаток?

Како фоторепортерка, секоја фотографија за мене има свое значење и место во мојот живот. Една фотографија што случајно ме поврза со една личност беше таа на најмладиот пожарникар од Словенија, Жан Кофол, кој доброволно дојде да помогне во гаснењето на пожарите што ги зафатија Берово, Делчево и Пехчево. Еден месец по заминувањето од Македонија, на својот 20. роденден загина во несреќа. Од тој момент уште повеќе се поврзав со фотографијата што ја направив од него. Неговото семејство контактираше со мене за да ми се заблагодари за фотографијата што ја направив од него. Тие побараа дозвола да ја искористат мојата фотографија на комеморативниот собир за него.

Веднаш штом веста стигна во Македонија, беше преземена иницијатива една улица во Берово да го носи неговото име.

Ова е еден случај што ме поврза многу емотивно.

 

Најголема инспирација во животот?

Моја мотивација е секој човек што се бори да застане на свои нозе, да биде независен.

 

Што е следно во твојата кариера?

Следно е да се подготвам да покријам настани што се поинакви од тоа што се случува кај нас, како воен конфликт или имигрантска криза.

 

Како фоторепортерка, доколку би можела да го покриеш кој било настан од историјата, кој би бил тој и зошто?

Некогаш жалам што не сум била фоторепортерка порано затоа што, како што знаеме, низ историјата сме имале многу важни настани за државата, но и за нашиот народ. Сепак, би сакала да го покријам секој важен настан во иднина, без разлика за што станува збор.

 

Кои беа предизвиците и предностите со кои се соочи како фоторепортерка во изминатите две години?

На почетокот на пандемијата го имав најголемиот предизвик да застанам на првата линија да известувам и следам сѐ што се случува. Во тоа време немаше разбирање за медиумите, бевме ограничени во движењето и речиси сѐ ни беше затворено. Но, по неколку барања упатени до Министерството за здравство, успеав да влезам таму каде што сакав.

 

Покрај сите професионални активности и ангажмани, како и колку време одвојуваш за себе?

Има денови кога ние, фоторепортерите, имаме многу работа, и период кога не работиме ништо. Откако работам како слободен уметник можам да кажам дека имам премногу време за себе.

 

Што е последното нешто што си го направила само за себе?

Мојата торба е многу тешка и затоа често имам болки во вратот и во грбот. За да се ослободам од овие проблеми решив да се запишам на фитнес. Ефикасно.