“EGM biseda” – Antonija Belazelkoska – Aktore
22nd March 2022
Како млада актерка, како одржуваш рамнотежа меѓу професионалниот и приватниот живот?
Засега добро ја одржувам рамнотежата меѓу професионалниот и приватниот живот. Се трудам успесите од професијата да немаат речиси никакво влијание врз мене лично и врз луѓето што ме опкружуваат.
Дали и во која улога се препознаваш себеси?
Досега со помош на режисерите со кои имам работено успеав да се пронајдам во секоја улога. Сметам дека актерот ако не успее да пронајде во себе дел од ликовите што му се зададени, не може да пренесе реална слика.
Како се подготвуваш за улога?
Подготовката за улога досега секогаш ми била со присуство на режисерот. Особено ќе го споменам периодот на подготовка за филмот „Сестри“, кој траеше три месеци. Досега тоа ми било најголем предизвик, но Дина Дума даваше јасни насоки што доведе до тоа целиот процес да изгледа лесен.
Филм во кој би сакала да глумиш? / Актер или актерка со кој би сакала да соработуваш?
Во нашата земја има голем број добри актерки поради што не би можела да одвојам конкретно со кого би соработувала.
Отсекогаш ми било желба да глумам во акциски филм.
Што е тоа што прави да се чувствуваш отпуштено?
Тука ќе го споменам моето хоби. Најотпушгено се чувствувам по добар тренинг карате.
Покрај сите професионални активности и ангажмани, како и колку време одвојуваш за себе?
Покрај професионалниот ангажман и со оглед на тоа што ми се ближат полагањата за матура, можам да кажам дека времето што го одделувам за себе е минимално.