"EGM talks" - Андријана Петковски - Брејк а лег - East Gate Mall
?>

“EGM talks” – Андријана Петковски – Брејк а лег

image of the store

Што значи едно Европско првенство во хип–хоп за Македонија и како се добива организација за него?

Самиот назив европско првенство значи дека најдобрите од најдобрите хипхоп-танчари во Европа ќе дојдат во Македонија за да се натпреваруваат за титулата европски шампион.
За да можат да учествуваат на Европското првенство, танчарите прво треба да се изборат на националните квалификации во сопствените држави, а потоа најдобрите тројца или петмина танчари од секоја земја учествуваат на првенството, кое ќе се одржи во Македонија.
За да може да се учествува во трката за организатор на едно европско првенство, без разлика дали е во хип–хоп, балет, латино или друг танц, треба да се имаат одлични организациски способности и искуство во организирање какви било меѓународни интернационални фестивали или натпревари.
Преку учество на конкурс, сите земји-претенденти нудат услови за организирање на Европското првенство и земјата што ќе ги понуди најдобрите услови станува негов организатор.

 

Како котираат македонските танчари во светски рамки?

Пред почеток на пандемијата, македонските танчари котираа одлично на светските натпревари и имавме многу добри резултати во изминативе десетина години. Поточно, ние сме неколкукратни финалисти на светски и на европски првенства. Во 2017 година имавме европски шампион, а во 2016 година имавме и светски вицешампиони.
Така што, одговорот на прашањето би бил дека македонските танчари котираат одлично, со оглед на условите и на финансиите што ги има државата за развој на овој вид танци. Имено, чудо е што имаме толку постигнато досега.

 

Кои се придобивките од танцувањето?

Придобивките се огромни од секој аспект. Освен подобрувањето на физичкото и на психичкото здравје, танцот е најдобриот начин за социјализирање, кој води до развивање емпатија и чувство за тимска работа, а тоа секогаш дава одлични резултати. Танцот нè учи на самоизразување и на самодоверба. Нè учи дека само со напорна работа, континуитет и желба можеме да постигнеме сè што ќе посакаме.

 

Каде и кога ќе се одржи првенството и какви се вашите очекувања за него?

Европското првенство ќе се одржи од 1 до 5 јули на две лoкации: СЦ „Јане Сандански“ и финалниот дел од Европското првенство во хипхоп-батл на платото зад East Gate Mall. Очекуваме повеќе од 2.500 танчари од 20 земји од Eвропа, кои ќе уживаат во Скопје во лето.

 

Зошто го избравте токму EGM како место за одржување на првенството во хип–хоп?

EGM го избравме поради тоа што е најголемиот трговски центар од европски ранг во регионот и како таков е место, чијшто модерен такт и динамика ќе успее на поинаков начин да ги спои најталентираните танчари од Европа на едно место.
Хип–хопот како танц за размена на позитивни емоции и EGM како комбинација на убавина и на функционалност се вистинскиот спој за ова лето и за Европското првенство што ни претстои. Урбаната инфраструктура на EGM и големиот број посетители, ќе помогнат дополнително да се доближи суштината на хип–хопот до публиката, како и да се создаде и изрази нешто ново преку потопување во музика!