ДЕНОВИ НА ХОЛАНДИЈА ОД 19 ДО 21 АПРИЛ
12th April 2024
Подгответе се да го искусите шармот на холанската култура и да уживате во неодоливите вкусови на традиционалната холандска кујна од 19 до 21 април ексклузивно во нашиот трговски центар. Организатор на настанот е Амбасадата на Кралството Холандија и Ист Гејт Мол.
Придужете ни се на прославата на холандските убавини, живописните пејсажи на полињата со лалиња и отпатувајте со нас низ срцето на холандската култура и гастрономија.
Во рамките на манифестацијата сите посетители ќе имаат можност да дегустираат холандски деликатеси на Холандскиот маркет, да ги погледнат најдобро декорираните велосипеди на Вело експо и да уживаат во отворената галерија на карикатури.
Ветуваме искуство кое ќе ги задоволи сите ваши сетила.
Се гледаме во нашиот центар.
#dutchdays #weshinetogether #nlinmk #nlinskopje
Датум: 19 до 21 април, Ист Гејт Мол
Време:
Холандски маркет
петок, 17 – 21
сабота, недела, 12 – 18 часот
Галерија на карикатури
секој работен ден и викенд, 10 – 22 часот.
Поставката ќе биде активна до крајот на месецот.
Локација:
Галерија на карикатури, приземје, кај H&M и Божиновски
Холандски маркет, приземје кај Oysho и Zara Home