Mona
Софистицирано, модерно и квалитетно – ова се синоними за брендот МОНА. Од своето создавање, во 1989 година, се до денес, Mona Fashion има единствена визија на своите клиенти да им обезбеди можност за висококвалитетна и модерна облека во согласност со водечките светски трендови. Мона секоја сезона реализира ready-to-wear колекции за жени и мажи. Долгорочното задоволство на клиентите е мисија на компанијата Мона уште од првиот ден и не прави компромиси кога станува збор за квалитетот и дизајнот. Мона своите модели ги гледа на модерни, софистицирани и самоуверени жени и мажи кои во секоја прилика се грижат за својот изглед.
Мона чантите, рачно изработени од најдобрата италијанска кожа, раскажуваат за себе и се предмет на желба на многу модерни дами и мажи Обрнувајќи внимание на секој детал, дизајнерскиот тим на компанијата Мона создава аксесоари кои се вистински мали уметнички дела . Годишно Mona Fashion d.o.o. произведува околу 70.000 женски и машки кожни чанти
50 продавници на Мона се наоѓаат на најдобрите локации низ градовите во Србија, Црна Гора, Македонија, Хрватска и Босна и Херцеговина. За повеќе од 30 години постоење, Mona Fashion континуирано инвестира во визуелниот идентитет на секоја продавница