Spizzicoto - East Gate Mall
Назад

Spizzicoto

Отворено секој ден

Спрат:

01

Социјални мрежи:

Спицикото е еден од најстарите и најпознатите македонски брендови за свежо подготвена храна кој постои од 1996 година.
Своето прво продажно место го отвори во Градскиот Трговски Центар, Скопје од каде што многу брзо со неодоливите ароми на свежо подготвена храна придоби голем број гурмани.
Во март 2012 година, со цел вкусно да ги израдува скопските фамилии, го отвори својот втор локал во Зоолошката градина во Скопје, со малку поинаков визуелен идентитет – прилагоден за детските желби.

Следејќи го трендот и потребите на своите клиенти, во октомври 2012 година Спицикото го отвори и своето трето продажно место во новиот Сити Мол.
Следниот или трет локал Октомври 2018 г. наспроти Машински Факулет.

Март 2021г. нашата нова локација е спроти дирекција на NLB Банка-до седиштето на Европска Унија.
Ноември 2021г. нашата најнова локација е во Ист Гејт Мол.
Зад Спицикото стои тим од четириесетина вистински љубители на добрата храна, посветени на подготовка на вкусни и свежи оброци.
Сите состојки кои Спицикото ги користи за подготовка на производите се со висок квалитет и македонско потекло.