Evropa - East Gate Mall
Назад

Evropa

Отворено секој ден

Спрат:

01

Вебстрана:

https://evropa.com.mk/

Социјални мрежи:

Веројатно е доволно да се каже дека успешно функционира на пазарот од 1882 година, за да знаете дека станува збор за „Европа“.

„Европа“ е компанија која остава свој белег на голем број генерации и тоа признание гордо го носи повеќе од 135 години, што ја прави една од најстарите компании во кондиторската индустрија на Балканот. Така, пренесувајќи го искуството и зголемувајќи го квалитетот низ повеќе генерации, таа станува она што е денес – стабилна индустриска компанија со производство од околу 5.000 тони годишно и продажба на странскиот и на домашниот пазар.

„Европа“ е секогаш во чекор со интересите на своите купувачи и современите трендови во кондиторската индустрија, што е повод за ребрендирање на голем број производи и поттик за создавање нови. Постојано се работи на нови и редизајнирање на веќе постоечките амбалажи.

Уште многу одамна наша цел претставува довербата на нашите потрошувачи и на заедничко  задоволство тоа никогаш да не се промени.

Уживајте во вкусот кој ги преминува границите и ги надминува вашите очекувања.

“Европа” – Фабрика за задоволства