Писмо до Дедо Мраз – East Gate Mall ги испраќа вашите желби!
9th December 2025
Празниците се време кога секоја желба е вредна да се испише – и да стигне на вистинското место. Оваа година, East Gate Mall повторно ја носи традицијата што ја обожуваат и децата и возрасните: Пишување писмо до Дедо Мраз!
Во нашето новогодишно катче на 1 кат, секое дете – а и секој возрасен со младо срце – може да напише писмо со својата најискрена празнична желба. Ние ќе се погрижиме писмото да стигне директно до Дедо Мраз!
Како функционира?
- Посети нè во East Gate Mall.
- Пронајди ја новогодишната поставка за пишување писма на 1 кат.
- Напиши ја твојата желба на специјалното писмо и стави го во магичната поштенска кутија на Дедо Мраз.
- Дедо Мраз ќе ги прочита сите писма – и ќе се потруди празничната магија да стигне до што повеќе семејства.
Секоја сабота и недела од 12:00 до 18:00 часот.